@Oscar Lady Јас имам менувано стари за нови штикли пред три години и цената беше 300 ден. за двете обувки. Сега можеби е поскапо, а и низ градовите цените се различни.
Како може да се подеси да не може на ФБ да примаш пораки од непознати? Не мислам на она : -обично филтрирање -строго филтрирање (бидејќи и да стегнеш на оваа опција пораки од непознати пак доаѓаат, само се зачувуваат во папката (друго). А, знам дека може некако да се подеси, ама како незнам
Каде можам да купам фина миризлива свеќа? Ама навистина да ми мириса, овие до сега што сум ги купувала се катастрофа.
Ни оние Glade не ти се допаѓаат, Магнолија? Јас имам вакви цел куп, убедливо најароматични ми се, собата ми мириса многу долго по гасењето на свеќата. Види ги и Прфисимо од ДМ - ако не си ги купувала до сега, фини се и тие.
Дечки со 5ка , кај треба да се симнам, на која постојка за да бидам најблизу до Ѓорѓи Клапчев . Има некој што живее или го владее Ново Лисиче?
Препорачајте некоја крема за лузни , флеки .. имав голема рана ставам хидроциклин падна што имаше како коричка сега лузна ми се прави
Ова не ја препорачуваат да се користи многу.Каде го има маслото по маркети или аптеки , ауу не сум запознаена со тоа.
Мислам дека ги има низ сите поголеми маркети, јас ги купувам во Тинекс Многу ми се допаѓа како мирисаат, а и трајни се
Една опција е контратубекс (околу 500 денари е, ама треба доолго да ја мачкаш), втора можност е сулкосерил (sulcoseryl) поскапа е, но многу поефикасна и мислам во нашиве аптеки потешко се наоѓа. А и зависи од што ти е раната, можеш да поминеш и со креми од невен, една мрсна во зегин е навистина добра за епителизација, но не и за покривање на лузни
Извинете за дупло мислење,но ќе се повторам и со прашањето. Дали има некој вишок тегленца од бебешки кашички да ми собере некоја доколку не ви се потребни? На минатиот пост никој не ми јави, па надежта не ми умре, си реков ај пак да прашам