Гледам огласи за работа и бараат административен службеник. Дали некоја од вас ќе сака да ми појасни која е функцијата на тоа работно место
@PogbaPol добар ми е мене. Знае да падне чат-пат ама брзи се, одма го решаваат. 500денари месечно неограничен интернет. Тоj пакет го имам jас.
Може не е соодветно за тука ама ај да прашам.... Се носи сега на времево тенки холахопки со фустанче, сукња...(такви месо боја што се )?!
@PogbaPol Јас имам интернет на Телекабел и сум презадоволна, за разлика кога имав на ONE. (ONE се катастрофа).
Дали некој од вас вршел нострификација на странска диплома? Ме интересира колку време трае процесот, односно, колку време им треба да ја нострифицираат дипломата откако ќе ги поднесеш сите документи? Фала
Јас многу доцнам, но можеби ќе се најде. Најубаво ти е со 7б да доаѓаш, бидејќи Ѓорѓи Капчев е главна улица, а броевите се споредните улички. 7б оди баш на главната, претпоставувам околу мене е 21а, ама не сум сигурна која е. 7б трга од Дом на печат и ја има на околу половина час, види најубаво распоред на ЈСП.
теглички со големина на тегличките за кашички видов во џамбо околу 30 ден беше една па ако не успееш да собереш види си таму
Kade ima vo Skopjevo fotografii na gardovi koj mozat da se uramat i zakacat na zid? Kolku cinat i ako ima ponuda na internet, ve molam posocete mi? Blagodaram
Јас имам нострифицирано диплома и се чека еден месец. Они таму ти кажуваат дека ќе ти се јават после месец дена отприлика, ама нема грешка, јас чекав, чекав и на крај отидов сама да ја подигнам без да ми се јават. Имаше поминато еден месец. Едит: ако ти е потребна за упис можеш да поминеш и без да е завршен процес. Во министерството ти даваат картонче дека нострификација е во тек, па обично и со тоа можеш да поминеш при аплицирање додека биде готова нострификација. Сепак зависи од место до место и за што ти е потребна.
Девојки каде да најдам балони а притоа да пишува нешто на нив. Не бројчиња, такви знам сум купувала на лагер се, сакам нешто баш да пишува. Anyone?
ве молам многу ми е вазно...се јавувам во министерство на фиксен телефон,,и ми казуваат на кој локал да го најдам човекот што го барам...како да свртам локал...како се прави тоа..?..до сега не сум барала некој вака..
Дали некоја од вас го видела ова ( отстранувач на митесери), некаде низ аптеките можеби или во поголемите супер маркети ?
Ти треба потврда од банка дека секој месец примаш плата/пензија. И секој месец најмала рата е 300 ден. Сите лаптопи се на понуда. Оди убаво распрашај се.