Девојки, барав низ темите ама поодамна беа мислењата па незнам дали е уште така. во која банка земаат најмала провизија од уплатница? пред неколку дена уплаќав во NLB тутунска банка ми зедоа многу, 50 денари од уплатница може...сигурно некаде е помала, ама каде?
во пошта земаат по 35 од уплатница, а во банка е помала провизијата ако имаш своја сметка и префрлиш директно од сметката пари
Јас сеогаш уплаќам во ТТК банка. Така ми е останато во главата , од кажувања дека најмала провизија зема. Но не знам колку
Ако има некоја битолчанка на форумот, која ќе биде слободна денес да ми одговори на неколку прашања... нека се пријави
Не може Алое вера да одгледуваш на нашите простори, зошто во зимно време заради многу ниските температури ќе ти замрзне растението. Можеш само во топли краишта. Не знам никој да продава гел, но можеш да си побараш продукти со Алое вера, зошто самиот гел сигурно скапо би те чинел.
@Valerin Мајка ми го има овој кактус во саксија и тоа доста долго време. За гел не знам како се произведува, мајка ми го одгледува како и сите останати цвеќиња. Мислам дека во Calivita имаше гел од алое вера. @Butterfly.girl5 Јас кај ќе ми се згоди уплаќам, зависно која банка ми е во близина и кај има помалку гужва. Секаде ми наплаќале по 35 ден. провизија. Ако си била после 2 мислам дека е поскапо.
Мене па нешто друго ме збунува и искрено размислував на оваа тема баш пред некој ден. Значи во полн анфитеатар од 100 + луѓе од кај ќе знае професорот дали си студент на тој факултет или не? Тие ни име ни знат,ниту пак индекс или студентска легитимација побаруваат пред да влеземе на предавање...
Имам мала сатенска ташничка која од задната страна е извалкана(ја влечкам неколку години по свадби и сл).Дали некој знае со што да ја исчистам?
Антолина, сигурно ли станува збор за Aloe Vera Barbados Miller врстата? Aко да, веднаш прашај ја мајка ти од каде ја набавила, итно ми треба!
Преку милион пати на овој начин сум повикувала мои другари да седат кај мене на час и никој не ги забележал.
Одамна и е не се сеќава, но ми рече да се распрашаш по цвеќари можеби го има. По слики што гледав на интернет и нејзе и ги покажав вика дека е тој. Ми спомна дека се правело од него некој сируп, ама не знае како.
За сируп не знам. Но, знам дека откако ќе созрее внимателно со нож се отстрануваат листовите и внатрешниот проѕирен гел се конзумира, или сместува во посебна тегла и користи како козметички препарат за кожа.
За продолжување на биометриски пасош по редовна постапка колку се плаќа? И дали се плаќа повеќе ако закаснам со продолжувањето да кажам 3, 4 месеци?
нема продолжување на пасош има само ваѓање нов...се плаќа 1500 ден за пасошот плус 200 ден административна такса за лица до 27 години или 300 ден административна такса над 27 години...не се плаќа повеќе за закаснување
Кога сакаш можеш да си го продолжиш без да доплаќаш.. Мојот беше повеќе од 6 месеци истечен. Инаку мислам дека околу 2000 беше.
Би сакала да прашам некој поискусен од каде да нарачам природна надградба за коса и колку кошта прамен ?
@Valerin Јас го лупам тој зелениот дел и тоа проѕирното богато со сок го ставам на лице ( ако мислиш на тоа). Мене доста ми има помогнато, на челото што имав тек тук некоја бубуљица, со ова ми се среди, па стакло ми е сега
При вадење нови документи како пасош, лк и слично, можеше да се плаќа со картица таму на лице место и за барањата и за таксите и за се, така?