Си ја извалкав новата кошула уште не облечена со пудра и тоа голема дамка .Пробав и со пена за бричење не се исчисти и со сјај.Со Aris синиот да пробам да не ја уништам ?.Инаку бела е
Женски не можам по другиве теми да најдам нешто вакво, па реков директно тука да прашам. Може ли некој да ми каже каде можам да најдам книги за бременост (на македонски јазик) и кои се најдобри.
@Aerial Примената на законот за заштита на лични податоци налага поднесувањето на барање од овој тип да биде лично. Доколку не си во можност тоа лично да го сториш, ќе ополномоштиш лице кое постапката ќе ја спроведе во твое име. Писмениот документ заверен на нотар е доказ за одобрување од твоја страна за пополнување на барањето.
Дали некој има купувано контактни леќи со диоптер од интернет? Некаде, еднаш низ темиве видов една феминка да сподели линк од ebay ама сега неможам да го најдам ве замолувам за сигурен селер во најскоро време
Дали некој има познавање како се вреднуваат нашите дипломи во Британија? Бидејќи гледам бараат "first or second class honours degree" и не знам дали е споредлива со онаа од нашите универзитети. Побарав по Гугл и искрено ништо не разбрав,па ако има некој што студира или знае,да ми објасни поубаво.
Женски дали знаете до колку саат можат да се поднесат документите за вадење на нов извод од матична книга на родените, тоа кај македонска во Скопје. Фала ви однапред.
Поништувал ли некој испити заради просек? Зборувам за оценки веќе внесени во индекс. Слушнав после дипломирање имаме право да поништиме 5 испити максимум. Колку е ова точно? Која е процедурата за ПРЕД и ПОСЛЕ дипломирање?
Со оглед на тоа што оваа тема е почесто посетувана тука ќе го поставам прашањето до студентите на студиска група библиотекарство при Педагошкиот факултет во Скопје: Каде може да се набави литература за наставните предмети за прв семестар студии?
Девојки каде е најмала провизијата за плаќање уплатници, во која банка? Порано беше во ТТК банка, ама сега и таму е мислам горе-долу иста како во другите банки.