Девојки каде има низ Скопјево ТТК банки? Барав на официјаната страна но ми дава само улици, јас така не се снаоѓам. Ми треба нешто според кое ќе се ориентирам, што има во близина да знам како да стигнам до таму. @sesilija , @Jordanovska-K знам дека вие имате одено, па ако не ви е проблем да ми кажете каде се? Ми одговараат било да има некаде околу битпазар чаршија, стариот трговски, сити мол автокоманда. Било каде каде што можам лесно да стигнам со автобус.
@simoncelicius јас сум одела во две. Едната е во центар спроти трговскиот Палома Бјанка, на ќошот до Просветно дело. Во близина има и ДМ маркет. Другата е во Автокоманда спроти уличката што ги раздвојува Ветеринарен и Шумарски факултет, ама последно кога бев пред две недели ја реновираа. Како и да е ако си во близина провери си можеби завршиле. Трета има во Беверли Хилс, ама јас ретко поминувам од таму па не ми текнува каде е поточно. Таа во Кисела Вода ако добро памтам е во близина на Чешма кога ќе тргнеш по уличката што оди кон средното економско. Како и да е најсигурна сум за таа во центар, ако ти одговара оди таму, работи до 17:00
Само уште нешто, за уплаќање семестар во банка се користат истите уплатници како и од пошта или има други? Прв пат ќе уплаќам во банка до сега само во пошти одев и прашањево знам делува моронско ама немам појма. Имам дома некои уплатници од пошта па ако се тие да си ги пополнам од дома да не чекам.
дали знаете и друга страна како што е grouper.mk слична на неа...со попусти,патувања,рекреација,забави
Луѓенца,ако можете да ми помогнете,што беше потребно за нов извод ? Само уплатница или копија од лична карта да не бараат ?
Не знам кај да се обратам, во која група, па затоа овде.... Ме интересира дали знаете до колку саат можам да подигнам резултати од болница, поточно во државна во ГАК, работат до 4:30 или може и покасно, или до порано? ХЕЛП
Симончелишс, си доби одговор додека да ти пишам, па нема да се повторувам. Уплатниците се истите секаде, кога се уплаќа во Буџетот се користат овие ПП50 (за јавни приходи), ПП30 се користат меѓу фирмите(налог за пренос), а доколку се уплаќа на физичко лице се користи ПП10(уплата на готовина). Еве ако сакаш да си прочиташ за сите http://www.nlbtb.com.mk/default.aspx?mId=221&lId=1 Јас си имам дома еден кочан ПП50 (се купува во книжара), и си пополнувам дома за да не губам време и да се нервирам во банка- таму само и ги давам на шалтер да ми ги обработат. И ти со тек на време ќе се испраксаш, не се грижи- ех колку уплатници ќе треба да пополниш до крајот на факултетот...
ЛУЃЕ ИТНО МИ Е, АКО МОЖЕ ПОБРЗ ОДГОВОР!! Живци искинав од овој мојов глупав телефон. Уклучам фб, одам на почетна една две минути и се исклучи. Истото ми го прави и на инстаграм и на гугл хромот. Од пред два дена ми е така, не можам асално да си поседам ниту на фб ниту на ништо друго, одма ми се гасе. Не знам зошто прави така? Се мислам да земам да го форматирам ако нема друго чаре? А нов ми е мобилнот енос пола година од кога го земав.
Не е до телефонот, до апликацијата е. Мене Messenger-от константно ми се исклучува и ме вади од такт. Се надевам дека ќе ја средат со новиот update.