Каде можам да најдам кутија за чување на очила? Ама да е со нормална цена, не ко да купувам позлатена.
Дали знае некој да ми објасни како можам да вратам некои фолдери што ми се избришани. Ми го форматираше компјутерот еден пријател, ама на несакање избришал некои фолдери. Има ли некој начин да се вратат на десктоп тие фолдери?
Има во Miss Spicy, не се скапи воопшто, а доколку купиш очила за сонце од таму ја добиваш со доплата од 50 денари мислам.
Глупаво прашање Ги чистев старките и сега се исуши ѓонот, ама платното водено е сеуште. Нема да им е ништо ако го исушам платното со фен?
Нашиов си купува коли од 40.000 евра и си гради улици кај него во Кучково. Немој да мислиш дека ќе ти го средат осветлувањето во брз рок. Поприоритетно е во Кучково. Јас сум за да се смени Сокол Митревски. Како и да е, оди до Општина.
Jaс сум на УКЛО и ко прашував пред уписите ми рекоа дека мора да си појдам лично. На неа запишуваш име, презиме, матичен број, што сакаш да студираш, каде ќе живееш, број и друго не памтам што имаше. Слика немам, а барав и на интернет по страните од факултетите нема за да си видиш како изгледа, ништо комплицирано не е. Заедно со неа ти даваат и уплатница.
Знам дека може ама ќе мораш да одиш кај некој што си ја знае работата, а и не е така евтино како што знам. И јас така загубив слики многу што сум ги чувала од пред 10 години и ми кажаа дека може да се вратат. Најубаво ќе ти е да отидеш некаде каде што сервисираат, и ако се решиш за тоа извади ја батеријата пред да го носиш лапопот за да не ти ја заменат за друга.
Дали некој бил во новото седиште на Агенција за млади и спорт да ми објасни каде точно се наоѓа? Адресата е ул.Македонија бр.38 , немам идеја кој дел од ул.Македонија е ова... да не губам време во барање...