некое ресторанче или поубаво кафуле за славење на годишнина? и од каде можам да најдам чоколатца ..(да бидат со наши слики,имиња,текст) Некоја страница на фб?
Колку пари е едно клопче вуница? Нема врска која марка, нормална големина и дебелина, најобично клопче вуница????
Епа зависи, ама како што знам околу 100 денари се. Има на Рекорд една продавничка, кога се оди накај Собрание.
Конкретно можеш да ми опишеш каде е точно, Рамстор и Железничка се поширок поим... Има ли светлечка реклама ?
Стара железничка кај што е , значи не нова железничка. Објектот е сега нов изграден кај рамстор , т.е. одма спроти железничката . Или кај хотел Бристол ако знаеш каде е.
Напиши на фб: Персонализирани подароци. Можеш да нарачаш чоколади, вино и слични работи со ваша слика, име или датум. А убави ресторани се Twins, Sky bar hotel Russia, Винарија Камник... Моето прашање е каде да најдам дрвена кутија, обична без никакви декорации. Сакам да направам tea box ( кутија за чување чај) и да ја украсам со декупаж, но никаде не сум сретнала. Да изгледа како на сликава, но не мора да ги има преградите. Доколку знаете и некој кој изработува по нарачка, одлично би ми дошло. Фала
каде да најдам етерични масла..колку коштаат и какви видови има? прашав во зегин аптекаркава прв пат слуша ...да не сум грешка нешто хаха
Досега не сум барала вакво нешто ама ако не се лажам во космо би требало да има, сепак не сум сигурна