Кај мене ништо не му е, отвара Иначе и овде да прашам, знаете ли некое фризерско студио каде што прават фризура со убава долга надградба за коса? Сакав во hair vip studio во бисер ми се свиѓаше, ама немаат црна коса.
Девојки ме интересира колку трае патување од Врање до Скопје ( да речеме железничка станица) со автобус без притоа да има застанувања? Гуглам ама ми дава насекаде различно дури и 5 часа што според мене е многу.
Убаво ти кажаа погоре, пари Ама имаат еден глупав обичај кој мене воопшто не ми се допаѓа. На сред свадба фаќаат и читаат на микрофон кој колку пари донел А мене некој да ми одговореше на прашањето пошо итно е?
Час и половина со се граница со автомобил, со автобус можеби малку повеќе, но не верувам повеќе од 2 часа со оглед на тоа дека е 100 км од Скопје.
Некој ?? И каде можам да најдам нешто со мињони поврзано? Било да е чаша, кутија што и да е (само не да печатам, зашто немам време)
За чаши да видиш во Рамстор трговскиот на вториот спрат на штандовите, од каj делот со храна. За такси отприлика околу 150 денари зависи од такси компаниjат
Со фејсбук што е работата, пишувам пасворд, пак одново треба да пишам, напишав 10 пати провенив лозинка, пак несака, требало нешто да се заштити и надгради.
И кај мене исто, јас сношти паника кренав, мислев дека некој ми го хакнал, затоа што еднаш веќе ми се има случено, сто пати го сменав, преку Forgot your password, со пин преку телефон, и сега се убаво работи кај мене
Девојки, со кој автобус можам да стигнам до плоштад Делфина, во Влае? Ќе ми одговара 22 или со 5 треба да одам? И ако може некој да ми објасни на која станица треба да се симнам
Со 22 и ќе се симнеш на станицата кај мостот Влајко. Преку пешачкиот ќе поминеш на другата страна, ќе го видиш плоштадот кој ти доаѓа од твоја десна страна.
Каде да најдам асален шнајдер со пристапни цени? Имам едно фустанче што ми е широко а е струкирано и сакам малце да ми го стесни, но да не платам поголема цена дури и од самата цена на фустанчето. Благодарам жени.