@Yowannty , ова е лекот за витрокерамика и индукција: Маркава (Frosch, за македонскиот пазар, увозник е Тим поинт) знам дека ја има низ маркетите но, за конкретниов продукт не сум сигурна. Ако успееш да го најдеш, ич не му ја мисли. Не постои тврдокорна маснотија и нечистотија за чудово. Плус е и еco friendly, ако ти значи тоа нешто, ако не, ефикасност и пријатен мирис, мислам е доволно.
Дали има некој на форумот да бил на тест во Семос,преку агенција за вработување ?Нека ми пиши во порака ми треба итно
Комшивката во машината за перење го исперала бугарскиот пасош на маж и ...дали ке може само со бугарска лична карта да оди во Словенија?
Одма од страната на Зегин маче, на самиот влез на Бит пазар стојат тезги со маски за телефон. Од таа страна право по улицата има уште неколку.
Дали може да се смени час на поаѓање на автобуска карта? Мислам, не би требало да има проблем, да сменат 1 час порано или подоцна, така?
Ај ако може пиши ми дали сосот го прават или е купечки, вака од вкус ако си забележал и редок е или погуст? Извини ама ептен сум проблематична за цезар салати , на икс места по цели ги оставам, сосот се ми упропастува
Мислам дека е купечки. И јас сакам убав сос. И јас сум прибирлив како тебе. Верувај ми сегде сум пробал. На тие две места најубави се. А во Генздо дури и сос од босилок ставаат плус. Пробај на тие две места, после секој пат ќе ме прашуваш за храна кај да јадеш. А и за други јадења можам да ти кажам кај има најдобри. Зошто скоро цело Скопје сум го прошетал, знам кој како што има.