^ Фала Мишела што ми објасни вака убаво. Нас уште од сега почнаа да ни закажуваат тестови и испрашувања а и историја ни рече кај него ќе сме имале уште две оцени и после се ќе се собере нели и ќе ни ја стави конечната оцена. А според мене има некоја веројатност да ги направам петки повеќето и плус ако се земе предвид просекот од полугодие, зашто бев 4.00, супер ми беа оцените.. мислам дека имам мала шанса за одлична, ама ако класниот интервенира малку а ќе интервенира знам. Инаку, за твојов проблем со мобилниот.. и јас имав самсунг и ми текнува дека и јас така имав блокнато еден број да не ми ѕвони, ама мене ми беше кога ќе ми заѕвонеше се гледаше бројот ама после неколку секунди автоматски се блокираше повикот. А и мислам дека неможеш да ги делитнеш блокираните броеви, освен ако не си му го тргнала блокот а ти викаш не си.. Значи кога ќе ти заѕвони следен пат, мислам дека мора да ти се покаже бројот ,ако не оди во сетингс да видиш што си направила. Ако и тоа не помага, обрати се кај некој постручен за мобилни, нека види што може да направи.
Се продаваат ли негде онакви гумички за виткач за трепки, ама само гумичките. Значи купив еден асален виткач и за 2 месеци (за мене е краткот период ) отиде гумичката, нема секој месец да давам пари само по виткачи
Значи сепак може да се тгрне блокираното, нели? Мене тоа ме мачеше. Е сега, како ќе го тргнам тоа друго прашање е, ама ќе чачкам утре ваљда ќе успеам. Иако доколку некоја била во слична каша како мојава, нема да е на одмет ако сподели искуство.
Има сигурно. Е сега јас во Струга ја купив во Техно маркет, ама чим таму имаше, има и во Скопје. Чинеше 1500, и супер е зошто има две намени. Така како на сликата, и на фризер еднаш ми ја виткаше како фигаро на едното, само што локните беа поситно и убаво изгледаше. Види во некоја продавница каде што се продаваат денови, фигара бла бла...
Девојки изгледа во петок ќе тркнам до Ск,па да ве прашам за сложувалки,каде да најдам и по колку пари се од 500,1000 парчиња?
Не знам дали те разбрав добро, ама ај провери вака. Мене мениво ми е на англиски, па така ќе ти кажувам. Инаку имам Samsung Diva S7070. Menu -> Settings -> Application settings -> Call -> All calls -> Auto reject. Тука ти пишува Reject list, и под неа треба да го имаш бројот кој ти е блокиран. Кај мене (на touch ми е екранов) има едно поле за штиклирање. Отштиклирај го полето до бројот, па Save. А ако не ти е блокиран, не знам дали ќе го пишува тука. Ако не можеш да се снајдеш или ако ги немаш истите опции, пиши. Се надевам помогнав.
Петок е неработен ден Но мислам дека Рамстор ќе работи, има во маркетот сложувалки, за цена не знам точно
САКАМ ДА ПРАШАМ ШТО МИСЛИТЕ за на оние 'fashion' слики со облека, дали манекенките ја прават облеката убава, или пак облеката ги прави манекенките убави? (се надевам ја погодив темата)
Сакам да прашам, сакам комплет да ја избришам историјата на компјутеров... Отидов горе на фајрфоксот во Алатки, па исчисти ја историјата... исчистив..и избриша се, пасворди, и тие работи.. АЛИИИ кога ке пишувам на самото место на пример youtube додека го куцам или фемина или било која страна, ми отвара надоле отворени страни од порано... незнам дали ме сфативте... епа како да го избришам и тоа??
Оди во Tools-Options-Privacy и оди never keep history и така нема никогаш да ти пишува ништо што си отварала
Како можам да направам некое убава ( незнам како точно се вика ) како вертикална хартија која се става меѓу странициве на книгиве, да знаеш до каде си стигнал? Ќе побарав на google или youtube ама незнам како се вика.
најверојатно мислиш на бележник на страни, можеш да пробаш со некое подебело картонче, јас ставам обично ливче не ми е воопшто битно тоа
Кој е од Штип овде на форумов да ми каже кој знае да става пирсови и каде се наога? Нека ме исконтактира по лп или овде на темава да ми каже информации. Решена сум
Дали има некоја феминка од Охрид или дали некој знае дали од автобуската станица има релација за кон Св Стефан населбата (поточно таму се наоѓала некоја болница). Ве молам ако знае некој