Да да, пријател ми е (односно бивш колега), но на фејсбук ништо не кажал во врска со тоа, затоа се зачудив. @LaraSolare многу добро снабдени со опрема се тие кај Грчка амбасада, поточно таа спроти Излет и подолу во зградата на самиот пролаз што води накај Магор. Се надевам ќе се снајдеш по ова што го објаснив.
На фејсбук и јас го имам, но нема ништо објавено за дуќанот дека го затворил. Само со политика се занимава сега на фејсбук. Мене баш ми требаше за некоја работи и го прашав дали може да поминам од кај него, ама ми кажа дека веќе го затворил дуќанот.
Па зависи од кој регион потекнуваш. Во Скопје се меси лепче со паричка за Бадник, односно утре. Во други градови, на пример Охрид, а и некои делови на Источна Македонија, се меси пита/ погача со паричка за стара Нова година, односно на 13-ти. Па, сега, ти одлучи
Да, обично на Бадник се меси лепче, а за Василица пита со паричка. Ние дома ги тераме двата обичаи бидејќи сум србинка а србите прават пита со паричка само за Василица
Па и со кори и лепчиња може, само битно е еднаш годишно да се меси со паричка (за разлика од некои по грешка што прават повеќе пати во годината). На 14ти (Василица) се прави со паричка во чест на св. Василиј што им помагал на сиромашните давајќи им лепчиња со парички внатре, и затоа се верува дека на кому ќе се падне ќе има многу здравје, среќа, успеси и благослов од св. Василиј. Ама во ск (нели се обратно ко што прават )си прават на Бадник, а зошто појма немам.
Благодарам многу Искрено немам поим за сама да го најдам, не сум одела натака или барем не се сеќавам ама мајка ми е скопјанка па стално си ја користам место google maps кога сум по Скопје