Каде можам да најдам велигденски корпи за јајца? утре планирам да купам ако знае некој да ми каже да не лутам низ големиот ни град Во Џамбо да не има случајно? Тнх однапред
Би ја ценел вашата помош околу ова. Значи, дома имам десетина квалитетни рачни часовници, од познати марки (Pierre Cardin, Omega, Seiko...), позлатени, со оригинална кожа, вакви-такви... Сите ми се наследени од дедо ми... Е сега, ме интересира дали некаде или некој во Скопјево врши откуп на часовници, постои ли, да речам, таков бизнис? Зашто од сите овие, само два користам, па без проблем можам 2-3 да продадам, едноставно ми дремат дома и фаќаат прашина... A и јас општо слабо носам на рака часовници.
Јас нема да ти бидам од помош воопшто ама морав да пишам Само сакам да кажам дека јас вакво нешто би чувала. Пари ко пари, ќе ги земеш ќе ги потрошиш и толку. Незнам, може до мене е, ама јас многу ценам вакви работи и иако не би ги носела сепак ќе ги чувам.
И јас би ги чувала еден ден мож ќе имаш син кој со гордост од прадедото ќе носи часовници. Иако се стари тоа се многу квалитетни часовници кои ќе треба само да се исчистат кај саатичија. Јас мислам ниедна пара нема да вреди спрема вистинската вредност на часовниците. А часовникот е нешто што се носело, се носи и ќе се носи во иднина. Искрено ти велам чувај си ги, убавo стави си ги во некоја кутија и тоа наследство за неколку години ќе има многу поголема вредност и тоа не само материјална. Дедо ти сигурно со гордост ти ги подарил, чувај ги со гордост и еден ден и ти подари ги А ако не ти значат тогаш во чаршија има стари саатчии кои сигурно ќе ти ги откупат.
Nightwalker и јас би ги чувала, без разлика дали ги носам или не, сепак наследени се. Знам дека не ти помогнав, али доколку никој не ти одговори оди кај човек што поправа часовници и прашај го, сигурно ќе ти каже Иначе мене ми требаат наочари за пред телевизор, лаптоп. Такви што не дозволуваaт да се расипуваат очите. Сте слушнале? Незнам каде се продаваат доколку некој знае нека ми каже, многу ми требаат страв ми е да не си ги расипам очиве
Вчера прашав во Golden Rose и ми рекоа дека ќе работат денес. Само не знам дали ќе биде стандардно или скратено работно време. Така што би требало да работат и другите продавници. За секој случај побрзај можно е да работат до кај 4 само.
Има ли друг начин за подигање на косата освен со тапирање? Не смеам да ја истапирам, имам многу тенко влакно ќе морам тапираниот дел да го исечам Ако има друг начин, нешто да се купи, било што кажете ми
Сакам да ве прашам во апаратот имав 300 слики и сите ми се избришаа, а никаде не стигнав. А сигурна сум дека никој не го чепнал... Го уклучив апаратот и сликите не беа тука Дали има можност да ги вратам сликите, бидејќи некои ми рекоа дека може ?
Јас имам наочари со таква заштита (од штетните зраци од телевизор, компјутер, сонце..), ама со диоптер ми се. Можи да си купиш и без диоптер ако ти е во ред видот, само за заштита. Прашај си по оптиките, цената е пониска од стакло со диоптер.