Ова додај го на Хромот, и нма да имаш веќе реклами од било какви страни. Плус тоа Олгица што ти го кажа пушти го одма https://chrome.google.com/webstore/detail/ublock-origin/cjpalhdlnbpafiamejdnhcphjbkeiagm?hl=en
Ама тоа што ми го прати Olgitsa, не можам да го спуштам бесплатно. Секако пробав и ми кажува се за компјутерот ама за да дејствува, бара пари
Јас го симнав ова и не ми дозволува да влезам на фб , јутјуб ми вика ерор. Го избришав и сега можам ама пак има реклами
Vo koja banka zemaat najmala provizija za plakjanje na administrativni marki? Znam vo poshta zemaat 35, a vo drugive banki znae nekoj?
http://filehippo.com/download_adwcleaner/ мене ова ми помогна , линкот горе е за симињање на програмчето
Има вируси. Исчисти го со антивирус или преинсталирај го. Внимавај, не ставај усб-иња. Ќе се заразат со вирусот.
Во стара чаршија во Скопје има многу продавници кои продаваат сувенири, ташничиња, оние како опинци, парчиња облека/кецели извезени во етно стил, мислам дека само таму има најголем избор @kjukli мислам дека ТТК банка зимаше најмала провизија, јас таму уплаќам за факултет, ама последниве неколку пати дечко ми ми уплаќа и заборавив колку е точно мислам 15 денари беше.Комерцијална е најскапа да они 50 зимаат а и поштата е релативно скапа.Ако ти се административни марки мораш н посебно зошто ги лепиш на пријавата, а ако плаќаш за редовен студент,уверенија за испити уплаќај си ги сите на една за еднаш да платиш провизија.Исто како опција преку телефон плаќањето мислам дека не зимаат провизија , јас така неколку пати имам платено.
За оние кои прашуваа за студенските електронски картички меѓу кои и јас, важат цела година заклучно со 31.12.2016 година.
Мене ме интересира дали работат низ центар продавниците за сувенири? Јас поминувам често низ центар и никогаш не сум ги видел дека работат.
Имам една пријателка која со мене е ок. Ми пречи, но ете и го знам карактерот и веќе се навикнав. Што е пречката?? Кога и да ми се допадне некое машко, таа на почетокот ќе каже супер - за после тоа да почне да менува мислења ставови (како да ми се наметнува со своето мислење) - тој е несмасен, тој е смотко, тој менува девојки, тој ваков тој онаков..... и сето тоа го кажува со некоја иронија, што како да се објаснам, постојано критикува, сатирично критикува потпаѓам под тоа нејзино критикување, иако знам дека тоа им го прави на сите. Дури и на заеднички другари кога им “мести“ девојки, прво ќе има став “да ти ја местам Х“ ако другарот рече ок, супер таа одма наметнува мислење “ама знаеш, има љубовник ама ако де„ “ сака пари - ама ако де “..... дали девојката има проблем сама со себе??? Дали сум јас проблемот ??? Кул сум, не се оптоварувам многу многу, но ми пречи некако иако сум се потрудила да и дадам до знаење дека не е добро, но ете
Кажи и нешто за нејзин дечко така убаво спакувано ко таа тебе што ти збори и ќе видиш како ќе бега од тебе Изборот е твоја лична работа ако на неа не и штима таа и не е со него, шо ја боле ? Ич гајле да не ти е што збори она, треба поддршка да ти даде не да те толче само, мрчатор со некоја причина е ама која подобро да не разглабаме.
Фала ти. Ии да те прашам преку телефон можам да плаќам за испит ова маркициве така? Нема врска на кој факултет сум?
Мислам дека ако си на државен факултет бројот е универзален и ти стигнува на сметката од телефонот или ако си на кредит ти зема одма.Прашај си најубаво по групите за факултет кој е бројот. Откако ќе пратиш порака на тој број(со 144 мислам почнуваше не ме држи за збор)потоа ќе добиеш повратна порака со шифра и таа ја пишуваш на пријавата(имаше долу место за впишување на шифра од електронско плаќање).Прашај си за секој случај дали е дозволено кај тебе на факс, кај мене може, мислам дека за сите би требало да е исто. @jasmina00 личноста е искомплексирана, сум имала такви во близина и обично сум игнорирала или ако ептен мислам дека претерала, чисто колку да не мисли дека сум будала и кажувам во лице.Иако со личности што не ми значат претерано избегнувам да си трошам енергија и да се расправам.Со такви личности сум ограничила комуникација со по некое кафе од време на време, едноставно ограничи ја комуникацијата со неа, не се дружи толку интензивно.Кога ќе почнат повеќе да ја избегнуваат нека му ја мисли.
И јас мислам да си прашаш на факултет најубаво ќе е бидејќи знам пред неколку години јас така имав уплаќано и на факултет ме вратија после демек немале тие склучено договор со тоа за плаќање и пак морав на уплатница да си плаќам..иначе преку тел е најефтино пошто само плаќаш 50 ден за таксата и 5 ден мислам порака и ти враќа назад системот порака со кодот го пишуваш на местото за таксена марка и готово
Девојки каде купувате кокосово и бадемово млеко и по која цена? Гледав оној ден во Веро имаше и оризово со бадем или оризово со ванила, тие беа поевтини варијатни некаде 120-30 денари ама поголема количина до литар да беше.Кокосовото го обожавам(секој ден пиев кокосово или бадемово во Странција ама не беа ни приближно цените како тука) за секојдневна упортреба кај нас е малку скапо 145 денари беше 200-250 мл , а јас сакам секој ден во smoothie или онака да си пијам па не ми се исплатува, за од време на време ќе се разгалувам Исто можете да ми пишете и како сте задоволни, каде ги набавувате , а да и какви се на вкус соино и оризово? Може да поминат во smoothie?
Јас оризовото од Веро го имам земено неколку пати, превкусно ми е. Поблагичко е. Само обичното сум го пробала, скептична сум некако за тие со ванила и бадем. И за смуди беше супер.