Знам дека имаше на Фб опција да одеш на ѕид кај еден од пријателите и го избереш Restricted. Што значи, сеуште ти е пријател ама не може да гледа објави на твојот ѕид и не може да ти пишува на ѕид. Е каде е сега таа опција? Со апдејтиран фб никаде не ја гледам, само unfollow има. Ја нема или јас не ја гледам?
Ако има некоја девојка на форумов што е босанка по националност, ако сака нека ми пише во инбокс, би сакала нешто да ја прашам.
Дечки, сум го изгубила кабелчето со кое го поврзувам апаратот со лаптопот. Прашав од таму кај што го купив и ми кажаа да ја исконтактирам фирмата што е дистрибутер за никон, па ме интересира дали некој има вакво искуство и ако да, колку време чекал за ново кабелче и колку го чинело?
Дали сеуште важи во Европа, да однесеш нешто со што би покажал дека некој слави роденден во Март и даваат кутивче со слатки или што и да има внатре?
Може некој предлог за ресторани низ Македонија, сеедно кој град (освен Скопје) кои вредат да се посетат. Важно е да работат преку недела за време на ручек и да се соодветни за ова време. Со дечко ми сакаме малку да патуваме низ Македонија, па добро би ни дошла некоја препорака Добредојдени се и препораки пд менито.
Можеш пижамчиња за да е за двајцата исто или тренерки, парфеми, некое парче облека (блуза, кошула, фустанче) За женското можеш Сваровски некој комплет.
Има на she stylezone во ДМ. Поточно, БИ требало да има. Одамна имав земено јас, само да ти кажам ич не е пигментиран, многу е сјаен .. Еве го : Али би те советувала да почекаш во Голден роуз да стигне, доколку го носат, зошто сигурно е подобар од овој другиов
Дали некој има онлајн порачувано телефон од t-mobile и за колку време ви го доставиле? Бидејќи порачав, но сеуште не ми е доставен а 7 дена поминаа.
Дали може да се отстранат вируси од УСБ? И ако можи да ми препорачате во БТ каде можи ова да се направи и колку цена е отприлика?
@realGirl Јас имам порачувано. Телефонот заедно со претплатничкиот договор ми беше доставен за три дена од денот на порачката.
Ти благодарам @poenta за инфо. ќе им пишам во порака бидејќи од минатата сабота ми е порачан телефонот а сеуште не ми го доставија.