Девојки, дали некој може да ми објасни која е процедурата со два матични лекари? Дали постои таква опција кај нас или е само некој муабет и слично? Дали може да имаш матичен лекар во друг град каде што моментално престојуваш и која е процедурата за ова? Јас во СК работам и студирам, поконкретно ме интересира зашто ми се често потребни упати за специјалисти и рецепти за лекови. Фала.
Хотел-ресторан на влез во Прилеп (од Битола према Прилеп) од лева страна. Има многу убава храна, но не ми текнува на името на хотелот. Лонгуров, Нецко, За Мерак во Штип, сите се на влезот на градот. Рим Париз во Куманово. Рибник Елита на самиот пат помеѓу Дојран и Богданци. (ова ми е омилено) Фук Так, Нота, Казабланка, Томче Софка во Дојран. Енџој во Гевгелија. Хепинес, Дукат (кебапи), Елизабет, Амор во Струмица. Мечкуевска куќа Пузе во Свети Николе. Треба недела дена порано да резервираш место ако сакаш да одиш за време на викенд. (и ова ми е омилено) Делфина во с. Сиричино (Тетовско). После втората патарина, одма се врти десно. (омилено) Облаче во Крива Паланка. И горе на Манастирот во Паланка е убава храната. Ресторан Ранч, патот Куманово-Паланка. Шетам и јас често низ Македонија. Ако ми текне уште нешто ќе ти го пишам. А ако сакаш нешто поконкретно за тие што ти ги набројав, слободно прашај.
Само да додадам Хотел Манастир -Берово Боко и Бакарди - Гевгелија Рибникот во Паљурци Гранико и Фук Так - Дојран Бел Камен -Радовиш Попова Кула - Демир Капија
Да не знае некој дали се продаваат подводници за мачки во Веро Џамбо? Последниот пат кога бев немаше, но знам дека пред тоа се продаваа
Ти да надополниш, а јас да те корегирам... Бакарди го заборавив, а за Боко првпат слушам, рибникот во Паљурци го набројав (Елита се вика, скоро секој викенд сум таму), Гранико веќе не постои, сега на негово место е Томче Софка, а Фук Так исто така го споменав. Хотел Манастир исто така го заборавив, а Бел Камен и Попова Кула не ги знам. Благодарим.
Очигледно не сум била оддамна , низ Гранико минував скоро, не приметив. Да ги посетиш. Глетката на Попова Кула е преубава!
Гранико постои...а ако е томце софка газда тогаш тоа е др работа..често одам во гранико пред 2 недели бев и си пишува гранико...
зависи шо сакаат највише дамите на кои сакаш да им подариш нешто ... ако си од Скопје влези у Џамбо за секој тип на жена ке најдеш по нешто
Гранико таблата сеуште стои (Македонска работа), сеуште не ја извадиле. Иначе официјално, тоа е веќе Томче Софка и е стварно многу поуредено отколку што беше предтоа.
Гранико пишува да, но не е Гранико веќе. Томче Софка е официјално. Можеш и следен пат да ги прашаш ако мислиш дека те лажам. Таблата уште 20 години ќе им стои. Немаат абер да ја тргнат. Дојранчани се мрзливи кога станува збор за работа. (едни трски неможеа да исечат во водата, а не па ова)
Каде да најдам вакво arm band за мобилниот ,да слушам музика додека вежбам Само некаде низ Македонија ми се брза, ако веќе никаде нема ќе порачам од Али Инаку знам порано во Џамбо имаше, ама неколкупати барам нема веќе ...