Ај едно прашање да поставам, зашто ќе ме пукне веќе. Невработена сум, уствари работам хонорарно, ама во завод не сум пријавена, што значи се водам како невработена. Закониве се сменија 100000000 пати. Ме интересира за пријавување во социјално, заради здравствено осигурување. Минативе години требаше еднаш годишно да се акам до Социјално, за да го обновувам. Лани ми рекоа дека тоа веќе нема да важи, а сега другарка ми збореше дека треба да се извади нешто од УЈП, па да се пријавам. Дали тоа е точно и како оди процедурата? И освен што ќе треба идната година да пополнувам документ од УЈП за остварени приходи во 2016та, ќе имам ли некои други обврски? Би била многу благодарна ако ми објасни некој.
Мхм, да ти кажам овај месец не сум при пари и гледам да поминам најефтино зошто Алкател тел имам и знајш дека полојна апликации не функционираат затоа најмала ми е сосем доволно, ама сепак ќе разгледам подобро, вака сакав да имам генерална слика за тоа колку од прилика се движат и дали има од најмалите за да знам Пон од прилика каде да одам да барам. Фала ви многу и на двајцата
Некој да не знае каде можам да го најдам филмот Танго до Балчак? Колку што гледам го нема на интернет
Девојки дали знаете каде би можела да огласам продажба на козметика? Пријателка која работи во парфимерија во странство донесе голема количина, ја продава по половична цена од парфимериите, но не знаеме каде да ја огласиме.
Во правилата на форумот пишува дека е забрането рекламирање. Доколку сте заинтересирани може да ви пратам слики во порака.
Во порака може да се праќаат слики? Само јас ли не знам како се праќаат, дај пиши ми ако сакаш да знам. Инаку и јас сакам да ми пишеш што имаш за продавање во порака.
Дали може да се најде негде онаа рекламата што беше порано на МТВ (за даноци..... ''плус кола, плус две секретарки, плус викендица... ; "и тоа даночниот број 07" ).
Во џамбо горе гледав, после ескалаторот... Кај што има и уметнички слики, и огледла, имаше и рамки во различни големини само не знам цена
Можам ли да најдам во Џамбо рамка за слики, ама оние по 4 што се. Или пак на некое друго место да ми кажете каде би можел да најдам...?
Ахаха, ако би дошол до БТ, има една продавница во која има се Па и рамка со 4 слики кои се наредени на 4 различни страни правејќи коцка. И во Џамбо имам видено (во Бт, ама горе долу исти работи има колку шо имам забележано), наредени 4+ рамки во едно, околу 300-600 денари беа, и плус за Валентајнт имаше повеќе помали рамки формирани во срце.
Е фала ти, штом има во Џамбо да знам таму да одам да барам. Да не се шлаам насекаде како мува без глава.