^ Очигледно си зачленета за тоа, ама нема врска, да ти одговорам општо. Ножиња можат да се најдат во продавница за железо, и таму каде што се продава пластика пластика . Можеш да побараш и во Џамбо, низ трговски.....
Колку што прочитав на официјалната страна , пишуваше дека сеуште истекуваат картите по 250 ден. што се , а потоа почнува распродажбата од 300 ден. и овие се регуларните карти. А цената на картата зависи и од местото каде што сакаш да бидиш, Фан пит (околу кружната бина) се по 400 ден., Вип картата е исто 400 , а супер Вип е 500 ден.
одамна се мислев да се зачленам ама секогаш ми изглегуваше некоја работа и заборавав на форумов, па сега ми се најде уште една прилика за да се зачленам.. Барав во џамбо, ама не можев да најдам, беа како привезочиња направени...
^^Хаха, не ме сваќај погрешно, ти посакувам топло ДОБРЕДОЈДЕ и ти пожелувам добар престој тука. Епа ако нема во Џамбо, ќе најдеш во малите продавничиња во близина каде што се продаваат чаши,тањири,прибор за јадење, провери и во Веро, ама се сомневам дека ќе најдеш.
Дечки, издаваат во аптека крема/маст од типот на Белогент, Афлодерм, Канестен без рецепт? Највеќе ме интересира за првите две. Конкретно еве, пред некоја година користев Декотал маст и слободно си ја земав без рецепта, а гледам на нет пишува дека лекот се издава само со рецепт. Значи покрај тоа дали дотичниве креми се издаваат без рецепт, ме интересира и дали е можно ако не се издаваат без рецепт да ги земам на своја рака ?
За Канестен сигурно ја даваат и без рецепт, оваа Белогент ако е иста со Белодерм ама на различен производител и таа ја даваат, обично во малските аптеки не прават проблем.Еве оваа Зегин кај Зебра во КАпиштец мене не ми направиле проблем за да речам побезбедни креми , лекарства од типот капки па и атибиотици и сл. лекови.
Во испитната сесија во јанури требаше да си земам оцена Хемија, јас не успеав да отидам и потоа го барав проф. неколку пати на Хемискиот институт и не го најдов, па сега уште немам оценка, е сеа планирам кога ќе има испит во јуни да отидам да ми пише, ама се мислам немој да ми прави проблеми нешто, дали има врска што доцнам толку?Да не ме тера да полагам па, пошто имам 9 не е малку.Само да напоменам дека немаме одредена дата за оценки земање, а проф. не е од мојот факултет, па затоа ми е на мисла?Некој...да ми појасни?
Сите што ги наброја се во слободна продажба, мислам дека и Декотал може да се купи и без рецепт. Прашај за неа, ама првите три сигурно се купуваат без рецепт. Пред некој ден купив Афлодерм (околу 180 ден беше)
Не би требало да имаш проблеми, положениот испит не може да ти го поништи бидејќи не си земала оцена.. подобро побарај го проф. порано за да не ти стои на ум, да не се замараш
Каде е основното училиште 11-ти Октомври во Скопје?Знам дека е во близина на Железничка ст.,само не сум баш сигурна дали по таа првата улица лево и колку е оддалечено,дали постои можност да не го видам...?
Кој има време да трга лајкови кај што ги стаил? Не, озбилно ме интересира почнува да ме копка, нека каже слободно свака му част
Девојки би сакала да ве замолам ако некоја од вас има или пак знаете од каде може да се симне еуропеан ЦВ на англиски,ако сака и ако може да ми го прати или линк. Благодарам однапред
Се надевам дека во правилна тема пишувам Девојки ќе може да ми дадете линк од онаа страната на интернет што беше,да ставиш твоја слика,и сликата на твојот партнер па да видиш како би изгледало вашето дете? Фала
Училиштето се наога карши Злате и полициската станица. За полесно да го најдеш го поминуваш новото Веро (кога одиш накај Аеродром) и веднаш има една уличка десно оди по неа 300 - 400 метри и ке го видиш од лева стана.