Колку чинат платната за сликање, да не знае некој? Димензиите, па, околу 50 сантиметри да биде поголемата страна, тука некаде. Ќе ја означам @Lady Phoenix , таа е по тие работи мислам.
Не се скапи @Lella. Во Џамбо имаш различни димензии, па и пакувања од платна. Најскапото било 190 денари. Одамна не сум купувала, па не ми текнува конкретна цена за твоиве димензии. Инаку, во поголеми димензии имаш и во JYSK, а поголеми и помали во различна форма (триаголни, елипсовидни) имаш и во SEWA кај Мајка Тереза.
Фала на информацијата, инаку не сум од Скопје, и нема да можам да одам ни во Џамбо ни во другите места што ги спомна, но важно ми беше колку им се движи цената, си замислував околу 600 денари дека се Благодарам уште еднаш
Знае ли некој дали постои ограничување на тоа уште колку време треба да имаш до истекувањето на пасошот пред да влезеш во некоја од земјите од Шенген зоната? На пример сега имам пасош кој истекува за 20тина дена, но планирам да се вратам за 1 недела, тоа ке биде пред да истече пасошот. Ако има некои што патуваат редовно и што знаат за сигурно, ќе ми биде од голема помош.
Не може да патуваш. Нема да те пуштат..затоа што пасошот ти е пред истекување Мислам дека беше рокот околу 3 месеци, (бар така беше кога патував ја), ама за сигурно прочитај во Законот за патни исправи. Како и да е, бидејќи се работи за земјите од Шенген зоната, нема да те пуштат.
од ова поефикасно нема 5мл се раствара во пола литро вода, прскаш дома по ќошиња, и раат си 1-2 месеци од секакви бубачки, потоа прскаш пак и пак раат 350ден е по земјоделските аптеки али доста долго време се користи
Razlikata megu Master , Maestro , Visa electon i debitna kartica na komercijalna koja e ? aj nekoj postrucen neka me upati , vecna enigmatika mi e...
Visa мислам можеш и во странство да ја користиш,а маестро не. Ама ако сум грешка нека појасни некој и мене ме заинтересира.
На страната на КБ има објаснето детално за секоја картичка,за физички лица. http://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2400&lang=1&uc=1&par=0
Ме интересира што е разликата помеѓу модератор и администратор? Знам само дека администраторот има повисока функција. Гледам дека фб тестираат нова опција за групите, дека ќе стават и модератори, па ако некој знае поконкретно да ми каже баш за фб.
Дали има некој од тука што живее во Швајцарија, конкретно во Луцерн или познава некој што живее таму, ако да, нека пише лп, сакам да прашам нешто
@Marick14 Aдминистраторот е одговорен за целокупната работа и има целосни привилегии, тој е на челото, додека модераторите оперираат во подтемите, односно нивната работа е сведена на конкретно нешто, т.е имаат ограничени функции.
@Aleksandarreal Разликата е во тоа што maestro и visa картичките се дебитни, колку што имаш пари толку трошиш, а master е кредитна картичка