Ти си праша, јас ти кажав. Не сфаќаш битолски мајтапи изглеа. За било какво вечерно излегување, фармерки и патики со сако, а под сакото обична маица е океј, топ е. За свадба? Not so much. Толку од мене.
@s1a1n1d1r1a1 а машки колку има на форумот? Двајца без тројца. Сепак, бараш мислење од машки на женски форум... Доколку брат ти не сака да носи костум и воопшто нема во план такво нешто, нема потреба да ја трупаш темата. Вака оди муабетот: си прашала дали би изгледало глупо, девојката под тебе ти вели дека свадба е прилика да се облече во кошула, ти под неа пак објаснуваш стилот не му е таков. Е што сега? Еве на пример, брат ми иако сеуште е мал (да речеме) се гледа дека е спортски тип, ама има две кошули и панталони кои го носи на посвечени настани. Татко ми за секој ден носи фармерки ама за на свадби има костум и панталони. За машки има многу фини кежуал кошули, пример како оние од Спрингфилд (има и поевтини варијанти ако веќе не планира да даде за една кошула 40 - 50 евра), со фармерки изгледаат сосема океј. Крај краева ако не се чувствува пријатно, нека си носи маица.
Зошто ја тупам темата? Кога се обраќам на машки, или на постари, или на бремени сакам одговор од наведените групи. Не ми е релевантен вашиот одговор. Ако знаев сама ќе му одговорев, зато прашвам машки. Поарно никој да не ми одговореше од колку вие паметни на секое мислење што се правите. И готово. Фала ви на одговорите, си добив одговори од машки.
Ја трупаш темата, ептен си напната. Сме оделиле време да ти пишеме мислење, а ти уште не разубедуваш. Што да кажам, форумот си го промашила. Еве обично мажите кога се спремаат за некаде мислење бараат од некоја девојка/ жена/ мајка/ другарка/ сестра. Не одат само мажи на свадби, туку и ние од женскиот род.
Стварно недолично ми е и невкусно кога ке видам машки на свадба во мајца, фармерки и патики, сепак зборувам за дечковци не деца и тинејџери мада гледам има и за нив убави комбинации со кошулка и фармерче. Колку има убави младалачки одела во Бицијани, струкирани во убави боички, абе милина ме фати уште кога ке видам убав и згоден дечко во оделото мммммм ептен ми изгледа убаво. Незнам колку е возрасен брат ти, но ако е +20 да срамота е да иде на свадба во патики и мајца, барем кошула и ципели некои спортска елеганција нека облече.
Замената негова може. Спојлер Ако не на работа, матичната тогаш земаме од докторот што е друга смена. Тој што и е официјална замена
Да ве прашам, во онаа билетарата кај сити мол, кај последна 19-ка може ли да се надополнува картицата за автобус (електронската, онаа со 10 возења).
@s1a1n1d1r1a1 зависи свадбата дали е класична или е некоја поопуштена. Што знам на нашшите класични свадби некако не ми е ок да видам некој во фармерка и мајца или поспортска варијанта кога сите околу него се дотерани ко за на бал. Од друга страна има и нетрадиционални свадби во поопуштена атмосфера на која сите си идат полабаво така да и тоа ми е ок. Така да се зависи од самата свадба. Ние лани бевме на таква опуштена свадба на отворено во природа каде не бевме со традиционалните балски фустани и торти на глава него напротив, мажите си беа во фармерки и кошулчиња девојките во пообични фустанчиња практично за у град што ги носиме.
@s1a1n1d1r1a1 Колку години е брат ти и колку сте блиски со младоженците? Плус како што рече СуперГрл24 погоре, каков е дрес кодот на свадбата?
Не знам каква е свадбата тој си знае. Ќе си носи тоа што си сака не гледам причина некој да се прави нешто што не е макар и за на свадба. И така го советував. Дечко ми пример никогаш во живот нема сако или костум облечено. На свадба бевме и носеше кошула, пантолони и црвени Конверс. И тоа му е стилот сите го знаат, и најубав беше .
@s1a1n1d1r1a1 Кoмбинaцијaвa нa брaт ти е супер и вooпштo не е глупo. И јaс мнoгу реткo нoсaм кoшули, oделa пa ич. Пoдoбрo дa се oблече убaвo нa нaчинoт нa кoј се нoси, oткoлку дa купи некoјa кaрирaнa кoшулa(нaјчестo црвенo-белa сo крaтки рaкaви) рaди редa, нели кoлку сaмo кoшулa дa биде. Мене ме интересирa дa не знaете некoјa aпликaцијa зa уредувaње нa слики нa кoјa при внесувaње нa текст нa сликaтa би мoжелo дa се зaдебелaт и зaкoсaт буквите?
денес си зедов клуб картичка од космо,ме интересира како да ја користам и како да видам кои производи се со попуст кои се купуваат со клуб картичка?
@delevingne јас имам клуб картичка одамна, но ми рекоа дека веќе не се користи. Мојата е бела а со розови букви пишува Cosmo. Твојата каква е? Сега може да собираш поени само со број на Т-mobile. Инаку имаше попусти со таа картичка, и со секое купување собираш поени т.е. денари и после одредена сума можеш да ги искористиш, слично како рамстор картичките функционира. Спојлер http://www.cosmotinex.com.mk/karticka_nova.html Инаку девојки да ве прашам дали знаете колку се движат цените за оние материјали изработувани со шљокици на Женски пазар или во доќаните во Стара чаршија? На ваков материјал мислам Спојлер