Во понеделник другарка брани магистерска. Што можам да и однесам како подарок таму? Не сум била до сега и навистина не знам, дали да се трошам повеќе и да земам некој посолиден подарок (ама па ако слави во некој ресторан подоцна пак ли да купувам??) Или цвеќе со уште нешто шшто поима немам што .. :/
Блиска ли ти е? Ако не ти е, доволно е само цвеќе. Како и да е, за таму купи цвеќе. А славење после тоа е многу веројатно дека ќе има. Освен тоа, веројатно ја познаваш доволно добро за да претпоставиш дали би славела или не. Ова ако ти е блиска. Ако имаш идеја за подарокот - добро, ако не, тогаш мене соодветен подарок ми е некое фино пенкало или наливно перо или роковник фин. Во Офис Плус и Стилос имаш избор.
Чим те поканила на одбраната значи блиска си и. Кога ќе заврши одбраната ќе почасти нешто и тигаш можеш да и го врачиш подарокот. Универзален подарок - цвеќе, бомбониера, вино. Можеш едно од овие три + нешто. Пример јас за ваква пригода на моја другарка и подарив кутија за накит, на сестра парче накит, мене ми дадоа парфем, накит, чанта, марама, актовка. Има доста избор.
Дечки, како да го престанам доаѓањето на пораките од форумов на мојот email? Се пробав да отштиклирам во врска со него ама џабе :/
@male Блиска или не, нема врска, доволно е букет цвеќе за таму. И јас сум била кога сестра ми бранеше дипломска па што требаше да и купувам тогаш?! Дека нели од сестра поблиска другарка нема/немам. Кога ќе слави дипломска,ако слави,или има частење за дипломирањето, во зависност од тоа колку ти е блиска, таков и подарок ќе и земеш. Во секој случај, букет природно цвеќе е сосема доволно за тој момент.
Каде има продавница во Скопје за ортопедски помагала? Поконкретно, продавници каде може да се најде бандаж и стегач за колено.
На улица Васил Горгов до Завод за вработување и до Црвен Крст на Југо Дрво, тоа се две продавници на Славеј, каде можеш да го најдеш тоа што го бараш. Има и на Медикус Хелп, На ул Бел Камен, каде што се дели патот за Козле и за Државна Болница, може да се пристапи и од страната каде што оди автобус со бр.57 и од страната на Мајка Тереза автобуси со број 50,3,3а, 9, 22а.
A мoжaм дa пoднесaм билo кoгa или се чекa и тoa пoвеќе време и кoлку се чекa? Мислaм зaкaжувaње дa не требa?