Ништо страшно. Ќе ти сменат екран, ќе си платиш 2.000 денари или колку и да е. И исто телефонот како да не му било ништо. Биди среќна што не е Самсунг. Ајфоните се најефтини за одржување.
Епа на форум, наместо да се советуваш за телефонот, како што правиш и за другите работи, ти се стрча одма да го поправаш. Ај па, не плаќаш ти. Мама плаќа.
Доколку целовкупниот износ на примени средства од тоа лице на годишно ниво не надминува 5000€ (мислам дека беше толку), не се плаќа данок. Во спротивно, се плаќа 10% (и за ова не сум баш сигурна) на целовкупниот износ. Прашај во УЈП на шалтерот за пријавување на данок, би требало да ти објаснат. P.S. Датумот за пријавување на данок за 2015 година беше заклучно 15.03.2016 г.
@presiosaP Јас користам 4ка екранот го скршив пред 7 месеци, скоро прашав за менување екран ми побараа 3.500ден, ме советуваа да не го менувам екранот затоа што ајфониве се специфични кога станува збор за менување на некој дел, ќе го користам дури трае..
@Feminka22 Јас имам S4, купи си заштитно стакленце за екран, имаш по тезгите на пазарите. На плочки ми падна телефонот, заштитното стакленце беше пепел направено а на екранот немав точка. 150 денари ми спасија 50 и више евра за поправка
Јас сум од Струмица мене ми побраа 1800 ден ке го сменам па ке видам како ке функционра.И јас побарав повеке мислења некои ми кажаа да не го менувам а некои ми кажаа дека не е ништо страшно ..Не можам да го гледам таков екран
@presiosaP јас сум од Охрид и толку ми побараа. Не ме заборавај пиши што ќе направиш и дали ќе функционира како порано
Филџан ипол топла вода и пола филџан оцет. Измешај, триј и после впиј го со крпа. Откако ќе завршиш со тоа, истури поголема количина сода бикарбона за да го впие мирисот. Нека остане преку ноќ. Следниот ден само усисај. Би требало да делува.
Само сода бикарбода? Да не ја мешам со вода? Јас го зачистив со сода и оцет помешано, и упив водата што се можеше, ама па паркетот уште мириса..
Помести го килимот и изрибај го и паркетот. А врз килимот само сода. Колку што можеш повеќе, да впие мирис. А и влага, делумно.
Фала, не се многу заинтересирани овие од Ујп во Струга, па морам да прашувам, оти не се знае овде ќе ми речат не се плаќа данок, а во март да ми стигне нешто па да си се чудам