@1418 Немај гајле, не е ништо страшно. Јас не би фрлила чоколадо или нешто благо со поминат рок, колку пати сум изела па сум немала проблеми, а за други работи внимавам
Добро е, преживеавме.. А и детево го научив на лекција.,, И внуката малечка јадеше од пуднгот па и да беше нешто никогаш немаше да си опростам...
Ај малку логично...кој производител точно би знаел во кој ден ќе се расипе производот? Млечните производи се во категорија со краток и предвидлив рок, но и тие поминати низ триста процеси и пастеризации, сигурно сите не се расипуваат во ист ден. Плус пудинзите се полни со емулгатори, што значи трааат подолго. Датумот со рокот се става според некои законски норми, нели секој производ мора да има одреден рок на траење. Тоа не значи дека производот е расипан после тој рок. Највеќе треба да се пази на месо и млечни производи.
Кога е неработен ден за Рамазан Бајрам.? Во некои календари на неработни денови стои 5 јули, а некаде 7 јули.
јас се првин имав некое сеќавање дека е четврток и дека имав прочитано дека е 14 јули..после на некоја страна видов 5-ти..сега ти кога спомена малку побарав на интернет и стварно некаде пишува 7ми јули..на страната на мин за труд кој ја прави програмата за неработни денови пишува 5ти јули па таа би требало да е најверодостојна
Програма на неработни денови за 2016 година Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2016 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ · 01 јануари (петок), Нова Година · 07 јануари (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар · 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден · 02 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар · 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители · 5 јули (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, · 02 август (вторник), Ден на Републиката · 8 септември (четврток), Ден на независноста · 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, · 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден · 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”
Како да го деактивирам неделниот пакет интернет на вип? Го активирав преку еден број и сега кога истече ми стигна порака дека при секое додавање кредит, автоматски се продолжува..
Мислам дека беше на истиот број да пишеш STOP jaс така порано се вклучував пред да станам на претплата. Пробај да пишеш стоп на истиот број
Еј ако некој шо е од Битола,случајно да не знај: Дали во Американското катче ја има Најдолгото патување од Николас Спаркс(The Longest ride)?
Не знам дали има тема, ама не барам, затоа тука ќе си прашам. Што да и купам за роденден на најдобрата другарка? Се дружиме подолго време, па исцрпени се идеите од типот книги, "matching" накит, мечиња и плишани животинчиња, алишта, итн Лани и подарив гравирана чаша за кафе со нас двете на слика. Сакам нешто уникатно, рачунајте 22 години сме, па нешто ем корисно, ем убаво. Озбилно немам инспирација нешто, нејкам некои колажи со слики, бидејќи и тоа веќе ми е правено. А парите не се проблем, за неа можам да потрошам и повеќе. Фала дечки однапред
Можеш да купиш ваучери за во спа центар за вас две и да си имате ваша вечер. Може нема да и остане материјален спомен, но сигурно ќе направите некоја слика. Лично, многу би ме израдувал ваков поклон.
imam edno prasanje do vas..znaci denes mi se javija dve kompanii za intervju za rabota e sega sakam na dvete intervjua da odam amame inteesira dali na intervjuto ti kazuvaat dea si vrabotena ili naknadno ti se javuvaat?