Каде да најдам квалитетни спортски градници за големи гради во Скопје? По продавнициве за спортска опрема нема број кој би ми бил ниту приближно точен, а ми треба итно.
Феминки дали се уште важи бесплатното возење со воз секој четврток за студенти? Си прашувам затоа што нема ништо да ми изненади ако го имаат прекинато преку лето.
Имаш во Џамбо, а има и по книжарници. Околу 20ина ден./ролна отприлика. На Битпазар не сум забележала да има кактуси, ама затоа во цветниот дел од Зелен пазар има. Секакви. Се продаваат во различни саксии (ако тоа прашуваш), ама ниедна не препорачувам да ти биде трајна, тие се само за расад.
Мила, случајно ја отворив темата и тек сега гледам дека си ме тагнала, не знам зошто не ми стигнало нотификација вчера Од 8 сабајле до 6 попладне работат Либро и Зоки обично, ама сега за време на летните одмори не сум била таму и не сум сигурна дали работат во полно работно време
СДП направив нарачка преку нет и уплатив по пошта. Но теткава погрешно пишала назив на примач , а сметката и сите други податоци се точни. Ме интересира ќе има некој проблем или да идам до пошта да интервенирам, да не пропаднат парите?
Точни се сите други податоци но ми нема стигнато меил дека уплатата е примена. Се работи за сајт на книги. На назив на примач стои друштво за информатичка технологија а убаво и подадов ливче како треба да гласи. Во секој случај ти благодарам за одговорот.
Прочитав на интернет страната на Словенска амбасада дека и утре има отворен ден за работа со странки од 9 до 12. Колку ова функционира во практика да не одам за џабе ?
Има во Битола некои не знам обучени лица/доктори за помош во врска со позицијата на телото? Во смисла на лични тренери или ортопеди не знам шо не се од државни установи. Не можам веќе со оние на болница да се расправам.