Во нормална држава кога во една продавница купуваш апарати од над 2.500 евра во кеш, ќе ти ги качат до горе, ќе ти бидат благодарни што си купил од кај нив и се ќе направат за да те задржат како муштерија. Арно ама, во продавница во МКД ти викаат може да ви ги качиме до горе со тоа што ќе платите по 300 ден. од апарат. Им викам ОК, ќе платиме, па после ти викаат: подобро најдете си луѓе да ви ги качат, имате многу апарати, немаме толку време. Така што, ем сакаш да им платиш над 3.000 ден што ќе ги качат со лифт, ем ги мрзи. Ај, да не коментирам дека е безобразно што наплаќаат качување до стан.
Во нормална држава не земат плата 10.000 и акат по цел ден. Ако е вработен како продавач тој треба и да дига и носи и да продава.
Луѓе морам ли да имам електронска картичка за во ЈСП или уште има книжни билети кај возачот? Некаде пишува почнува од 01.09 .16, а некаде од 01.01.17, само на страната на ЈСП нема соопштение
Само Нептун качуваат и тоа се доплаќа. Имаше таму кога ќе платиш онлајн да избереш опција каква сакаш.. За други не сум слушнала да качуваат Кај има маслени парфемчиња во СК? Веројатно знаете на кои мислам хмм Може имаат поинаков "стручен" назив, ама не го знам
Девојки дали знаете каде има курс ил нешто за шминкање како часови така слично?? и потоа се добива сертификат.Видов на една страна на фб ама не беше во скопје.Знае некој за сигурно ?
1.Не е мој проблем (како купувач) што вработениот зема 10.000 ден. плата. 2.И јас на работа добивам работни задачи што не ми се по ќеиф, ама мора да ги правам иако не ми се во опис и попис на работни задачи. А, ако на некој не му се работи, слободно нека си оди дома и нека го отстапи работното место на некој што сака да работи. 3.За газдите на продавниците е мизерно што не нудат бесплатно качување на апаратите. Во мојот случај има лифт и буквално треба 5 метри да ги носат. 4.Во денешни услови на сиромаштија, ако некој ти влезе во дуќан и ти остави кеш над 2.500 евра, кога јас би била сопственик на продавницата, би обезбедила бесплатно качување на апаратите со цел да го задржам муштеријата, па следниот пат пак да дојде кај мене да купува. Значи, треба долгорочно да се размислува и планира, што кај нас за жал скоро никој не го прави. 5.Кога веќе не нудат бесплатно качување, логично е да нудат да ги качат за одреден надомест. Јас на ова се сложив, ама како што веќе пишав, нивниот одговор беше „подобро најдете си луѓе да ви ги качат, имате многу апарати, немаме толку време“. А, за пола саат работа ќе заработеа над 50 евра. Мојот заклучок е дека ги мрзи да работат! Но, не ми беше тоа поентата, туку ми беше дали некој има телефонче од луѓе што може да ми ја завршат оваа работа. Ако некој има, пратете ми го во ЛП.
Ти како сопственик ќе спечалиш, ама работниците пак нема да бидат платени. Веќе на сите дуќани за бела техника е назначено дали качуваат до врата или не.
Здраво, дали некој познава Ѓоко Огненовски, 25 години од Кисела Вода? Му го најдов новчаникот, па никако не можам да го исконтактирам. Фала