Со цимерките денес конечно се вселивме во станот. Дали е вистина дека за да наместиме интернет ни треба согласност од газдата, односно требало да дојде со нас па да потпише некоја согласност? И дали има некој начин да се среди без тоа бидејќи не е од Скопје, а мали се шансите да дојде до тука само за тоа, пример со копија од негова лична карта... Ви благодарам
Има одма карши градежен, до Mini pani. Да знаеш за друг пат. Туку, имате струја вие кои живеете негде помеѓу Центар-Карпош 1? Прв пат влегувам дома по недела дена и не знам дали е до зградава или нешто друго е во прашање. Неплатени сметки секако не се, тоа редовно го подмирувам.
Да не се исклучени главните осигурачи (бушони) во струјното сандаче од безбедносни причини провери, тие се наоѓаат каде што е саатот односно броилото поставено
Девојки ... Дeчко ми е надвор од МКД. Му праќам смс ама мислам дека не му стигаат. Зашто? А он ми праќа и ми стигнаа. Знае ли некој што е проблемот? И колку чини смс ? И уште нешто. Утрово му беше ставен кредит и по некое време ми пишува дека нема кредит. Дали е можно да не стигнал? Прееска му ставив пак , ама нема сигнал од него дека му стигнал ..
Девојки значи моево е чудно.. Во врска сум со дечко скоро месец, а многу ретко се слушаме и гледаме во последно време. Не знам што да правам дајте некој совет
Девојки каде можам да најдам кутија за накит но некоја поголема..А до душа и немора да е за накит само да не е обична некоја убава украсна..Благодарам
Дали утре би работела летна Хавана или ги затворија летниве дискотеки веќе? И кога би избирале помеѓу Паб комедија и летна Хавана каде би оделе?
Знам дека ова прашање не е за тука ама никој не ми одговара има ли некој што разбира математика ми треба помош итноо
Не знам стварно каде би го поставила ова прашање, но, дали машко би го радувало ако за роденден добие риба за чување или онака без врска е поклонот?
Дали има на сабајле воз од Штип до Битола? И дали доколку е бесплатен викенд во петок почнува од 12 часот?
10 души прашав, и никој не знае да ми каже. Колку чини смс кога праќам од тука до Холандија ? (На холандски број)