Да, поп-нитни се, не се лажеш хаха Само тие што ми се по дома се со заоблен врв.. веројатно секакви има. Треба и посебно машинче за нив. Некаде идат на парче 2-3 ден зависи од големината, некаде на кесенце @Yowannty
Татко ми е тука Ми вика- што ќе ти се поп-нитни? Оди во подрум, земи си... оди во кола, во багажник стои тоа машинчето.. Човеков се спреми за работа, а јас само го прашав дали сите се со заоблени глави
Кога го стававме огледалото направивме големи дупки во ѕид.. не памтам кој рече не одело обична шајка во цигла, ама го средуваме тоа. Другарка ми ги покажа демек овие. Е сеа..за мене ова е шпанско село..изглеа и за неа. Треба да закачам икони на ѕид. Ја као лаик не можам да сфатам како овие поп нитни ќе ја завршат таа работа... Како и да е, фала ви девојки @Dust & @anaja1 многу на одговорите, значи да не почнувам на своја рака ништо. Посебно не да ковам со чекан по овие И мене татко ми ми фали. Додека беше жив, мајстор дома ни немаше стапнато. За се го биваше. Ама тоа е тоа. Вака ја морам да се брукам по форуми.
Лелелеееееее ама ги имам измешано работиве... Тогаш да побарам обични.. Стварно е тешко без машка рака по дома.
Јас како што сум слушала,повторно од татко ми,икони не се ставаат на клинци,се што е метално. Имало дрвени па на нив се ставале Ти сепак консултирај се со некој знае,на пример уметници или свештеник.
Не те разбрав најнај...ама.. Ако веќе си направила големи дупки, ковај подолу Обична шајка, подебела би трсбало да ти издржи огледало.. освен ако не е 15+кг некое.. За такви тешки ствари друг метод има.. Ама за огледала, слики, икони, сосема ОК е нормална шајка. А за гипсениве табли е посебна приказна.. пред 2год на колега му падна проектор врз глава Едит... А за тоа дека не се закачуваат икони со метални работи, не знаев.. немам икони по дома. Ама имам еден куп закачени работи на шајки што ни земјотресов не ги турнал хаха
Тоа ете никој не ми кажал. Братучетка ми е уметникот на иконите. За да црта икони има благослов од свештеник и таа ми даде некои насоки околу тоа. А и ги имав оставено во црква на светење. Попот рече шајка е ок...навистина прв пат слушам за ова..
Тој ѕид го средивме. Мислам..дупките се пополнија Мајстор дојде.. Ова за икониве е друг ѕид Цигла е...не е гипс... Како ми изглеа и во бетон да чукнам шајка, дупка ќе направам
Да,мене така ми рекоа дека по цркви не се ставаат на шајка. Ако така ти рекле значи се сменило нешто,како и се дтуго во Православието
Навистина не знам како ги чуваат по црквите. Ама кога ги земав од црква после светење, попот кој беше таму ми рече сеа на по две шајчиња и на ѕид. Иконите веќе имаат метален забец на нив за шајка.. Ама како што кажа...денеска се е измешано и изменето..
На роденден сум за неколку дена кај девојченце што ќе полни 9 години. Што мислете дека е најсоодветно да земам за поклон?
Јас би ти рекла книга. Мала енциклопедија (детска) за земјатс, за животни, растенија или пак од оние детските 1000 зошто 1000 затоа. Доколку сака да чита лектири, нема да утнеш со книга, дали драма или научна. Можеш облека, некои шноли/стегачи интересни за коса, ташничка или новчаниче некое.
Некое ташниче, како за низ град, за шетање со другарките за таа возраст, мислам дека е интересен поклон, или некоја џиџи-миџи блуска, или хулахопки, има едни сега со маче на колениците, во сара фешн ги гледав, ама скапички се, околу 300 ден