Препорачано до Австрија чинеше околу 200 денари, до Холандија значи повеќе (точно незнам, ама зависи и од тежината на пакетот/писмото што го праќаш)
Шпаркасе и Стопанска се најниски, по 20 денари.Но, ако имаш можност појди до пошта таму е уште пониска-15 денари.Ова ти се административни марки цени, али и за друго ти се мн пониски тука провизиите за разлика од другите банки.
Ау не, немој никако во пошта. Провизиите кај банкиве се горе долу слични, ама во пошта ќе те одерат. Знам јас кога плаќав на времето партиципација, ако во Комерцијална ми земале 50денари, во пошта може и 300денари да земат, па да се чудиш што те снашло
Јас треба да уплатам сума за авио билетот на сметка на агенцијата, сумата ми е 52 090 денари и сега не знам колку провизија ќе ми земат да си рачунам колку пари плус за земам.. Планирам во Про кредит да платам затоа што ми е пред врата ептен..
Епа штом ти е пред врата прашај ја таа на шалтер колку би ти зеле провизија на таа сума и готово ако имаш уште некоја поблиску банка прашај си и таму и ќе си направиш споредба каде повече ти одговара Инаку за погорниот коментар што напишала дека е мн повеќе во пошта баш се зачудив.Јас Јануари кога уплаќав партиципација за факултет 6 150 денари и менување на предмет 1200 денари ми зедоја 170 ден провизија што во банка и те како е поскапо, али ок секој си има различно искуство
Про Кредит велат провизии за уплата на сметки во други банки по КИБС (парите да стигнат на сметката на странката после 15часот) 50денари за вредност поголема од 10.000 денари Спојлер овде го имаш ценовникот http://www.procreditbank.com.mk/content ... 5.2012.pdf излеговме од темава, ама 170 денари за тој износ е многу. Во банка има одредена провизија за средства од толку до толку и истата важи за износите измеѓу. Еве во про кредит би ти зеле (пошто ми е отворена страната) 35 денари.
Дај бе кажете како да ставам слика во потпис. Треба да мрда сликата, и ставам и не мрда. Пукнав од нервоза.
Skype - Privacy - Privacy settings - потоа во прозорчето што ќе ти се отвори имаш опција keep history for..одбери no history и со првото одјавување од skype разговорите ќе ги нема поззз
знае ли некој колку отприлика се машките златни нараквици во куманово?? да не се од оние најтенките но и да не се некои од 500евра
Сакам некоја битолчанка да ми одговори дали во Битола има Рубин Кармин,ако има каде е и дали има филигрански накит?(ако знае ова )
Знае ли некој во Скопјево каде можам да ги најдам мастикиве??? На многу места сум барала не сум сретнала, ако некој знае нека пише.
Дали некој порачал од ФБ страната Модни додатоци и дали стигнала порачката? Сакам да си порачам нешто па се двоумам... За оваа страна мислам: http://www.facebook.com/Modni.Dodatoci
Прашањево ми е сакам кажам не знам речам..ама ме интересира,дали некоја знае како се вика тоа за виткање коса брановидно..уствари нешо ко цик-цак само покрупно. Со два запци од едната страна и еден од другата. Како се вика и кај може да се набави ?
колку е нормален очниот притисок? мене ми мерееа и ми кажаа дека ми е 110 и сеа ме интересира дали е висок или низок фалаааа