Да ве прашам нешто. На лаптопот од таск барот ми го снема икончето за speakers.Барав сегдека и не можам сега да слушам музика или да го подесам звукот за нотификации на пример. Треба да одам во Start->Search->Sound и така да подесам, а директно во таскбарот нема.Знае некој кај да го најдам?не памтам дека нешто сум избришала или менувала.
Јас имам Windows 10, ама сигурна сум дека и на другите е исто или бар слично: Десен клик на таскбарот --> Options --> Select which icons appear on the taskbar --> и кај Volume/Speakers осигурај се дека ти е штиклирано или вклучено (on) Ова би требало да ти ја врати иконката долу. А инаку не мораш само од таму да го подесуваш звукот, можеш директно од тастатура, на најгорниот ред копчиња најди ги двете што имаат сликичка од звучник со - или + до до нив (на мојот лаптоп се горе лево тие копчиња) и преку нив можеш да намалуваш/појачуваш.
Може, поврзувањето со лаптоп нема врска со тоа дали ТВ-то е smart или не. Треба само да има џек за поврзување со кабел, и со тоа фактички ТВ-то ќе го користиш како монитор за лаптопот.
Ваков кабел ти треба, стандард за компјутерски монитор, со ист приклучок на двата краја. Јас имам посебен џек за РС во кој влегува едниот крај од кабелов, и на ТВ имам посебен канал за РС, џекот и каналот за HDMI се други. Види ти ако имаш ваков кабел, ако влегува во некој од џековите на ТВ-то, пробај да го поврзеш.
Да ве прашам нешто..Дали е точно тоа дека, ако го оставиш мобилниот на поправка,т.е. на сервис, а истиот е под гаранција, дали после 30 дена никаков одговор од сервисот ти следува нов телефон???Како оди тоа??