Во скоро време гарант планираат да воведат и мој термин за умирачка...па нема да може човек на раат да умре Ќе бидат вака.... не..нема термин? Ок ќе чекам
@anaja1 зависи за кого и за каде. Пример на кардиологија на клинички освен ако не ти е животот во опасност (а во тој случај нема да одиш туку на носила ќе си), ќе ти речат дека немаш потреба од приоритетен упат. Е сега одредени доктори имаат пополнети места на мој термин за три месеци, па треба да чекаш да се отвори нов месец и тука настанува проблем... А дали е секаде така - не знам.
@anaja1 изгледа има многу болен народ а малку доктори. Или пример слободни термини има кај оние и не се баш нај "специјалисти". Не е лоша идејата за мој термин ама има премногу гужва.
Па и не е баш така.. Има термини на многу места.. Еве што правам јас кога сакам моите да ги носам кај одреден доктор.. Прашувам кој ден е во амбуланта, одам кај матичниот и барам упат..откако ќе се убедуваме 10 мин со сестрата дека не може приоритетен, почнувам да повишувам тон...излегува матичниот и оп-можееее приоритетен, проработел магично системот. Со тој приоритетен ги носам моите на доктор, пред тоа гледам во колку часот им е последниот закажан термин и одиме малку пред тоа. Приоритетните упати ги прегледуваат после редовните. Ако ми речат дека не може, не повишувам тон туку ги кревам во воздух од викање... Убаво пишува дека приоритетните се прегледуваат после редовните, ако немаат време-ќе најдат! И така..пробајте некогаш, 90% упалува
Нема шанси душичко ти на компјутерот и програмот да му повишуваш тон..ако има пуштено термини ке ти даде а ако има забрана за приоритетни нема шанси, па ти ако сакаш урлај, нема програма..од каде ке ти го извади, како ке го одштампа? Поради злоупотреба на приоритетните упати од многу доктори се направија ревизии и така да нема да ти пали ништо..
Проблемот НЕ Е во компјутерот или системот. Проблемот е во тоа што докторите имаат добиено наредби од министерство да не издаваат приоритетни...па затоа и сестрите се вадат на тоа дека системот не работи. Тоа ми го има кажано матичниот, откако во домашна атмосфера испи некоја чаша повеќе од што треба (кај него на слава). Немој те молам, пред две години татко ми со скршеница му рекоа да чекал 4 дена за ртг затоа што системот не давал приоритетни...ма дај, со скршеница ли се чека? И 100 ревизии нека прават, сеуште упалува. Додека не го средат мој термин како што треба јас ќе ги користам дупките! Инаку има тема за ова, ако би дојде Реин ќе видиме убаво хаха
Пред 2 год.јас и со 3 приоритетни упати,не ме примија За се се наоѓа изговор,за се се може ако се сака
Девојки може малку прашањево е за нигде дали имате оние користено апчињата билобил за памтење сакам едно или две за пред испитиве за секој случаај а и плус мнг иам за учење и никако да запоммнам...
1-2 не ти помагаат Тоа ти е долгорочна терапија Што мислиш, ќе испиеш едно и магично ќе почнеш да памтиш? Хаха
Мислам дека може, нема да имаш штета ама колку ке помогнат..прашај во аптека или отвори на интернет за билобил табл. и види што пишува.