Ме интересирa зa рaдиoдифузнa тaксa штo е,нaс дo сегa сметкa не ни стигa.Дaли и кaде дa се oди дa се прoвери?
Не знаев каде да прашам,па бидејќи оваа тема е доста посетувана,тука. Откако ќе ја пополните апликацијата и ќе ги извадите потребните документи(здравствено осигурување,слики,извештај од банка...) ,за Американска виза ,и кога ќе закажете термин ,колку отприлика чекате до терминот? Веднаш даваат термин за неколку дена или подолго ? Уште месец и нешто Божиќ им е на нив ,па нема да работат,па сакав да знам кога отприлика пред Божиќ да закажам интервју. И бидејќи прв пат аплицирам некој да ме упати какви прашања најмногу поставуваат.Инаку јас аплицирам за Ј2 виза ,преку вереникот мој кој таму е на размена и има Ј1 виза. Благодарам ,секоја информација ми е добредојдена ,бидејќи прв пат аплицирам.
@WomanInLove најдобро оди провери да видиш колку е дебел. Зависи во каква соба спиеш - ептен ладна што не се загрева или нешто потопла соба? И да, зависи колку си зимурлив. Инаку знаеш како се добиваат тие купони? Пример за перница треба 5 за да важи попустот, или јас нешто погрешно сум разбрала?
Јас ги видов јорганите, една касиерка ми ги отвори. Тоа се всушност два јоргани што се закопчуваат, еден потенок, еден подебел, со мрежичка на долната страна. Мене ми изгледаат добри, ама пак сакам да видам дали ги купил некој, да не се зезнам. Иначе, да треба да имаш купони за да важи попустот, а јас дека пазарам во рамстор, еден куп купони имам дома.
@WomanInLove фала. Дечко ми има јорган од Дормео, не баш ваков, ама ептен е задоволен. Најмногу поради тоа што нема прашина како кај класичните јоргани. Инаку ако не за зима, јорганите за пролет и лето (штом има и потенок) сигурно ќе одговараат.
Во продавнициве на Сара Фешн, Пенти и сличните. Какви сакаш! Јас им го зедов овој јорган на моите и доста задоволни се. Мек е, лесен и воздушест, а топли. Е моиве спијат во соба без греење моментално, па со едно потенко ќебе одозгора им врши работа. И ние имаме во овој фазон јорган од Дормео, само не е со мрежичка. Зимно време ни е таман во соба која преку ноќ нема парно. Препорачувам. Башка и во машина на 60 се пере.
Дали знаете каде можам да купам вакви сталажи за цвеќе? (ама ефтини, не мора да се ковано железо, да стојат )
Пролом водата е алкална, ако мислиме на истото. Сум ја пиела. помека е некако, има некој фин суптилен вкус. Поволно влијае на органите за варење. Имам миено и коса со водава, не пени многу, а косата е премека.
Не,не збориме за истата.Читав дека алкалната вода може да се прави и во домашни услови. Таа вода го прочистува организмот и го ослободува од радикали,односно се штити од заболување од карцином
Девoјки,бев нa свaдбa и пaрoт игрaше нa еднa aнглискa љубoвнa бaлaдa,женски вoкaл јa пее ,немoжaм никaкo дa се сетaм нa ниту еден стих ,a ептен ми се бендисa.Инaку песнaтa е пoнoвa.Ве мoлaм дoкoлку некoјa знaе билo кaквa бaлaдa некa пише.