Потребни ни се садници за некој вид на зимзелено дрво кое би ги имало следните карактеристики: - да расте максимално до кај 2 или 2,5 м, - да расте со не многу широка крошна (да не шири премногу од страните, туку да биде исто), - крошната да започнува од земјата, па нагоре (да не започнува од извесна височина)... Дали знае некоја девојка да ми каже нешто поопширно за некој таков вид на зимзелено дрво (името). Искрено потребни ни се за да направиме еден вид на жива ограда. Немам некој друг близок кој се занимава со тоа, па ако знае некоја девојка нека ми пише преку лп .
Абе женски да не знае некој што бидна со месечниов хороскоп, нестрплива сум да го прочитам. Најверојатно модераторите/глобалните модератори знаат нешто околу ова па ако ми го видат прашањето, нека ми пишат.
1.Кога стигнуваат сметките за вода/струја потрошена во декември? 2.Ќе одам на гости ( за да им ги честитам празниците) на неговите родители дали Бајадера и вино би биле соодветен подарок?
1. Само стујата е поделена во 2 фази, прва фаза од 1-15-ти во месец и втора од 15-30-ти месец што сака да каже сметка стига или на 15-ти или на 29-30-ти во месец, а другите до 10-ти во тековен месец обавезно треба да стигнат. Е сега што на нашите поштари не им се работи т.е оди е друга приказна зошто секогаш доцнат. 2. Соодветен и доволен подарок (немој кафе ќе ти варат да пиеш со нив се зезам) А јас да прашам, праќал ли некој од кај нас во странство преку dhl и колку чини ?[/quote] Немој ДХЛ изгор е, многу скапо, подобро оди со препорачана пратка или нешто такво
1. не знам 2.сосема соодветен подарок.И јас тоа би однела.Фин и културен избор-ни премногу,ни премалку. И, убаво да си поминеш
Девојки дали по аеродромиве има штекери, поточно во Виена? Пошто сакам да носам лаптоп али ако нема да не носам за џабе
Има, само ти не ги видиш и не ти се достапни. Ако решиш да носиш со себе носи го во ранец со себе а не во куфер на чекирање
Во Виена во сите чекални има штекери, и бесплатен пристап до wireless, кој е достапен не само во чекалните туку и во кафулињата и рестораните.
Која по ѓаволите е Мадам Стефи? Која тема и да отворам денес, само тоа име ми излегува, а немам видено пост од неа
profil/madamstefi/ Како бе не ја знаеш легендата ? Има 16,овај 28 години,шета по светот,архитект е а не знае кој ја изградил црквата св.Софија,ги има изгледано сите турски серии Алал да и е А тебе срам да ти е што не ја знаеш
Дали знаете некоја веб страна кај што можам да си прикачувам фајлови (слики, песни, текстови) од компјутер без никој да ми ги гледа?
Е сега едно многу поглупо прашање. Има врска пензијата со градот? Или можеби банката? Пошо дедо ми утре ќе си ја земе..
Инаку благодарам девојки, утре по пензија да си тркнам. Има , сите банки не пуштаат на иста дата. Тутунска на пример секој први дава пензија, а останатите банки фондот кога ќе пушти. А и во сите градови не пуштаат ист ден.