oд мене предлог , јас ваква следно ќе му напраам на дечко ми , немора олку висока , може со помалку лименки , свеќички сегде се наоѓаат , два балони со хелиум наполнети да висат во позадина и ти посакувам најубав помин
Да, да, да. Знам дека ќе му се свиѓа ова пошо е забеган по пиво Иначе што ќе ставаш измеѓу за да стојат убаво? И фала ти многу
Акo си бил/a пријaвен/a вo АВРМ, немa пoтребa дa пријaвувaш ништo, бидејќи зa дa дoбиеш плaтa, зa истaтa се плaтени придoнеси. Акo имaш прилив пo oснoв нa дoгoвoр нa делo, требa дa пријaвиш. Кoј гo плaќa дaнoкoт е другa прoблемaтикa. 1. Требa дa имaш Дoгoвoр 2. Вo Дoгoвoрoт е нaведенo кoј плaќa дaнoк (aкo пишувa декa брутo изнoс е 22.222 и тoлку ти префрлиле, знaчи oд тие 22.222 требa дa си плaтиш ПД вo висинa oд 11.11%, т.е. 2.222 ден. 3. Oд фирмaтa кaде имaш рaбoтенo требa дa дoбиеш пoтврдa (зaкoнски се oбврзaни... мислaм дo 25.01 дa издaдaт) 4. Нa oбрзaецoт oд УЈП, гo прикaчувaш Дoгoвoрoт нa делo и Пoтврдaтa 5. Акo требa сaм/a дa плaтиш ПД јa кoпирaш уплaтницaтa кaкo дoкaз зa плaтенo 6. Прaвиш 2 кoпии и зaверенaтa кoјa ти јa врaќaaт јa чувaш (мене ме гaњaaт зa нештo штo е плaтенo вo 2013тa ) 7. Нaјчестo фирмите плaќaaт ПД, тaкa дa кoгa ќе oдиш вo фирмaтa не нaстaпувaј сo прaшaње, туку кoнкретнo- дoјдoв дa ми дaдете пoтврдa декa ПД е плaтен.
Иако си пишал во СДК, ќе ти одговорам тука Предлозите на @Mishela се супер а јас би ги додала и: Delerium, особено им е добар албумот Poem. Mike Oldfield, се од него! Ако си го гледал Егзорцист, Tubular Bells веројатно ти е добро позната Исто така, компилациите на Cafe del Mar и Buddha Bar се одлични за релаксација.
се надевам имаш пиштолче за силикон. Ако немаш и си во можност- купи си. Мене многу ми се наоѓа за милион работи.
Ми се скрши штиклата на едни чизми. Каде би можела да ги сменам штиклите, но да не чини поскапо од целите чизми. Во Сити мол еднаш поправав и ме чинеше цело богатство, маалскиот кондураџија некако не ми е сигурен, па да не имате некој предлог?
@sanjaeva Во текот на тие два месеца бев пријавена во АВРМ. Дали тоа значи дека не треба ништо да пријавам? Ти благодарам за исцрпниот одговор.
Ако платата одела преку фолио број, мора да се платени и придонесите. Од фирмата можеш да побараш Потврда за исплатени плати. Ако немаш добри односи со поранешната фирма, ќе одиш во ПИОМ, кога ќе влезеш од десна страна 2-3 шалтер и со лична карта ќе побараш Листа за стаж. На таа листа ќе видиш дали ти се платени придонеси. Можеш и во твојата банка да побараш изводи кога се исплатени платите и да видиш по кој основ имаш приход....(види па кажи) Ако оваа плата ти е исплатена како плата И ако немаш други приливи на трансакциска, нема потреба да пријавуваш данок. Спојлер Задолжително поднесете Годишна даночна пријава, доколку во текот на 2016година: • сте издавале под закуп (кирија) или подзакуп: станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендица, опрема, превозни средства или друг вид на имот; • сте склучиле авторски договор, односно сте оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост; • ви била исплатена дивиденда или камати по основ на заем исплатен на физичко или правно лице; • сте оствариле капитална добивка од продажба на учество во капитал (продажба на удел) и недвижен имот; • сте оствариле добивка од општите игри на среќа во износ поголем од 5.000 денари (од лото, од наградни игри...); • имате лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; • работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно имате лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварувате лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет; и • сте оствариле и „други приходи". Не сте должни да поднесете Годишна даночна пријава, доколку во текот на годината имате остварено поединечно само приход од: плата; пензија; земјоделска дејност и самостојна дејност. Добивките од посебните игри на среќа остварени во текот на 2016 година, немате обврска да ги пријавите во Годишната даночна пријав Внимавај, ако имаш К-15 исто така треба да пријавиш. http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2
Фала многу Само стварно добро да работи, да не искочи само дека по комшиска линија го фалиш хахах Се шалам Фала уште еднаш
Женски барав некоја слична тема ама не најдов, па да си прашам тука. Дали некоја знае за колку време со поднесени документи даваат имотен лист од катастар? Фала ви
Сакам да прашам како можам да проверам некоја слика од каде е симната од интернет, од која страна?? Не се работи конкретно за слика поставена на форумов.