Девојки ве молам за помош!!! Каде да најдам дрес од Барса за деца? Ве молам многу е итно! П.С. Да биде во Скопје!
Дали сте имале искуство со Агенција за привремени вработувања Партнер? Сте слушнале до сега некој во образование да се вработи преку Партнер? Што вусшност значи тоа? Целата сум во прашалници,а ми рекоа дека така ќе бидам пријавена Нели училиштата под општина спаѓаат од каде сега агенција
Знае некој како на фб да наместам објавите од некои мои пријатели да ми стигаат на е- маил како известувања за тоа што објавиле??
Стави ги личностите од кои сакаш да добиваш известувања во блиски пријатели и во опција известувања штиклирај дека сакаш на маил да ти стигаат. Инаку знае некој за колку дена точно ќе биде готов пасош направен по брза постапка?
Мислам дека соодветно би бил Правен факултет или/и др.општествени науки. Спојлер: можда не е за тоа баш огласов ама...пак за матичар е Оглас за вработување во Министерство за правда - Управа за водење на матичните книги Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013) АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА објавува ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 334 и 335 /2014 за вработување на 1 државни службеници во Министерство за правда-Управа за водење на матичните книги за следните работни места: 1. Помлад соработник во подрачна канцеларија на одделение за матично работење Подрачна канцеларија Виница, Подрачно одделение за матично работење Штип, Сектор за управно надзорни работи во областа на матичното работење, планирање и анализа (1)извршител(и); - Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Правен факултет - правни студии или други општествени науки - без работно искуство - активно познавање на англиски или друг светски јазик - работа со MS Office - ефективна орална и писмена комуникација Плата: 20.977,00 Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок 1. Виш референт - матичар во подрачна канцеларија на одделение за матично работење Гостивар, Подрачно одделение за матично работење Тетово, Сектор за управно надзорни работи во областа на матичното работење, планирање и анализа (3)извршител(и); - Више или Средно образование (VI или IV) - најмалку 2 години работно искуство во струката - познавање на работа со MS Office - ефективна орална и писмена комуникација Плата: 14.906,00 Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок 2. Виш референт - матичар во подрачна канцеларија на одделение за матично работење Кавадарци, Подрачно одделение за матично работење Велес, Сектор за управно надзорни работи во областа на матичното работење, планирање и анализа (1)извршител(и); - Више или Средно образование (VI или IV) - најмалку 2 години работно искуство во струката - познавање на работа со MS Office - ефективна орална и писмена комуникација Плата: 14.906,00 Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок 3. Виш референт - матичар во подрачна канцеларија на одделение за матично работење Кратово, Подрачно одделение за матично работење Куманово, Сектор за управно надзорни работи во областа на матичното работење, планирање и анализа (1)извршител(и); - Више или Средно образование (VI или IV) - најмалку 2 години работно искуство во струката - познавање на работа со MS Office - ефективна орална и писмена комуникација Плата: 14.906,00 Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок 4. Самостоен референт - матичар во подрачна канцеларија на одделение за матично работење Радовиш, Подрачно одделение за матично работење Струмица, Сектор за управно надзорни работи во областа на матичното работење, планирање и анализа (1)извршител(и); - Више или Средно образование (VI или IV) - најмалку 3 години работно искуство во струката - познавање на работа со MS Office - ефективна орална и писмена комуникација Плата: 15.663,00 Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок 5. Самостоен референт - матичар во подрачна канцеларија на одделение за матично работење Демир Хисар, Подрачно одделение за матично работење Битола, Сектор за управно надзорни работи во областа на матичното работење, планирање и анализа (1)извршител(и); - Више или Средно образование (VI или IV) - најмалку 3 години работно искуство во струката - познавање на работа со MS Office - ефективна орална и писмена комуникација Плата: 15.663,00 Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок, дневно работно време 8 часа, Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Министерство за правда-Управа за водење на матичните книги заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници. Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 334/2014) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат. Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk.
Слушнав дека во Скопје личен автомобил може да се издава на некоја такси компанија дневно по 650 денари. Дали има некој слушнато за ова или можеби има познаници кои издаваат така. Ако може подетални информации да добијам.
Не знам дали ми е прашањево за тука, но ако некој знае да ми помогне малце. Треба да бранам магистерска, па ме интересира што како да направам за частење на факс. Се работи за Економски, па некоја ако веќе бранела некој совет да ми даде.
Што ќе им купите на вашите сакани за денот на вљубените.?. Се ближиии.. - Јас незнамм угхх.. Идеиии ???