На телефонот ми покажува дека имам 1 gb слободна меморија, а кога сакам да симнам messenger ми вели дека ми требаат уште 190 mb... Да не знае некој зошто така имам меморија, а не можам да симнувам? ...
Здравоо, имам едно пршање поврзано со чекирање карти на wizzair. Им рез на моите уште пред три месеци и синоќа кога ги чекирав картите повратните ми излегоа океј во пдф но картите од ск за келн прв пат ми покажува две страни , пола страна стои THIS IS NOT A BOARDING CARD! Non eu/ eea Passengers must proceed to chek in for dokument chek and visa verification. И во продолжение на пола прва и уште една страна ја печати картата. Ова се случува за двете карти. ако некој има искуство да ми каже што да правам мн ќе сум благодарна
На аеродром со пасош ќе им ги дадат картите. Ова им е некоја тазе практика на визер, и мене ми се случи пред два месеца. Само со пасош на аеродром пред летот и ќе им дадат карти
Не знам каде да го сместам прашањево, па ајде тука може ќе има некој искуство и совет. Живееме во стан на 3 спрат од вкупно 4. Зимава се случи да протече вода од горе во две соби, еден ѕид во кујна, и друг ѕид со вграден плакар. Над нас била тераса, ама станарите си преградиле по плус една соба. Кај нас плакарот е уништен буквално, голем број облека ми се уништи, ташни, се е неупотребливо, а во кујната и ѕидот исто, само ја саниравме мувлата која се појави. Е сега прашањето ми е каков е законот за поправање на покривот од кај што тече, бидејќи станарите не се сложуваат да се поправа? Плаќаме станбен сервис редовно, ама без потписи велат ништо не можиме. Се има некој соочено со вакво нешто? Ако има соодветна тема, нека се премести прашањето. И дали во осигурувањето што го плативме за станот при купување, влегува ваква штета?
Знае ли некој да ми каже од биро, дали организираат уште бесплатни курсеви за јазици за невработените?
На сајтот на јсп кај што се гледаат државните на истите тие биле додадени приватните линии. Значи распоредот што го гледаш е комбинација државен - приватен
За жал не е за сите линии.. За 23ка на пример.. Инаку и јас барав за 23ка, имаше еден по нетов ама неточен
Девојки ми треба помош. Дали некоја може да ми каже како да стигнам до Mr. Bricolage со автобус? Ми одговара да фатам автобус од железнича, бит пазар, континентал, сеедно. Само кој број и каде да се симнам?
Да ми препорача некој каде можам да испринтам страници А3 во боја? Имам принтано во рандом книжара, и обично не излегуваат убави. Ако може да ми кажете од искуство каде би биле поубави, дали има некоја фирма што се бави баш со тоа. Пробувам да направам книгичка како сликовница.