За манастир Бигорски, за да одиме во посета морало да носиме сукна долга и шамија? Другарка моја со дечкое била ја вратиле и рекле сукна долга и шамија обавезно покриена да била целосно. Е сега сакаме да одиме заедно следниот пат но ако може подетални информации за ова со сукниве носела ли некоја што била???
Да, задолжително е бидејќи се работи за манастир. Има на влезот такви сукњи и шамии, побарајте. Ги облекувате преку сопствените алишта,пошироки се така да нема проблем. На излегување ги враќате. И исто така бидете тивки за време на посетата во кругот на целот манастир.
Во секоја црква/манастир забрането е сликање колку што знам. Надвор имам сликано во Бигорски. Внатре не.
Во дворот може, внатре во самите цркви не. Доколку пак сакате да сликате некого од монасите културно прашајте ги за дозвола.
Но најдобро е да појде од дома прикладно облечена како не би ставала на себе нешто што го носеле и други. Точно е дека постои таму прикладна облека за оние кои од незнање отишле неприкладно облечени, но најдобро е пред оденје да се припреми и духовно и прикладно облечена, чиста во смисла да претходниот ден немала ништо со партнерот, да нема менструација.... Во манастир не се оди на туристича обиколка туку тоа е место за духовна обнова и средба со бога.
Да , се оди за да се пронајди мирот во себе .. И би сакала да го посетам баш поради таа изрека да видам дали е навистина така. Гледав видео од манастирот и се наежив и уште повеќе ме примами да одам благодарам за информацииве девојки
Добра забелешка. Многумина поминуваат таму па ако некому е планот специјално таму да оди не е на одмет да си се подготви со соодветна облека. Тоа е веќе личен избор кој од кои побуди ќе оди. Зависи кој како го доживува и како верува во сето тоа. За мене средбата со Бога се случува во внатрешното на човековата душа, било кога и било каде бидејќи Бог е сèприсутен. Ние одевме „туристички„ - секако, почитувајќи го редот на куќата.
Ај ако некој за сигурно знае. Планирам да одам во Банско во март, а пасошот ми истекува во јули, дали е проблем? И дали може да поднесам барање за продолжување додека сеуште ми важи стариов?
Дали и кај вас има проблем со стори на инста? Јас имав и одеднаш ми ги снема. Како пак да го вратам? Пробав да апдејтувам ама си остана така без тоа стори
Ако од денот на заминување до истекот на пасошот има повеќе од 90 дена тогаш не би требала да имаш ниакви проблеми.
Дали некој знае дали денес ќе работат железници..односно дали ќе има возови? Знам дека имаше некои штрајкови..