Одма спроти Факултетот за Информатика. Од Рамстор према чинарот кога одиш ( го поминуваш и Тинекс и Пинк Пантер )на првата улица десно вртиш и од лева страна во зграда розево/кремава е и филијала имаше тука. Не сум од Охрид, за поубаво да ти објаснам. _____ А, никој не знае каде има фотокопир што работи сабајлечки од 8 саат?
@Baby-bubu @Mr. Right Фала ви многу Утре ако видите некоја разбркана ко мува без глава по скаличките јас сум да знаете. @Jason123 Пери ја уште еднаш, а и пеглата со парацетамол исчисти ја.
јас не ни знаев искрено дека постои ама ете имало, сега се распрашав бил кај ТОБАКО во зграда Пејчијаре ако знаеш каде се наоѓа..одма на кружното кај Охридска банка само од другата страна
Како се викаше таа страната на фб кај што има онлајн да се нарачаат подароци за дечко/девојка ? Некој ја имаше постирано овде на форумов, ама не ми текнува во која тема.
Барав низ форумот ѝ не најдов затоа тука ќе прашам ако има тема упатете ме. Ми требат лазарски песнички момичките што ѓи пеат пред куќи
Сакам да прашам,до Скопски Саем кој автобус оди?Дали баш допира до таму или треба од некаде пешки да се оди?
Од Карпош (преку Партизанска) оди 2, од државна болница (преку Рекорд) оди 50, од Железничка (преку Битпазар) одат повеќе: 45, 55, 62, 63, 66, 68, 52, 53, може и некој друг, не ми текнува. Застануваат пред хотел Континентал, и кога ќе се симнеш десно од постојката одиш, одма зад хотелот се наоѓа саемот. Мислам дека и црнобело објавуваат текстови.
На влезот на самата банка која се наоѓа точно во старата автобуска во центарот одма до поштата и големиот телеком салон,карши казиното и карши факултетот за информатика