350den e. Неколку месеци нема да ти излегуваат штом почнат попрскај пак. Едно шишенце мин 2 години ќе ти трае
Нема да се појавуваат мравки во догледно време, бегаат од сретството. Јас лично не сум го користела, па незнам ни колку пари е. Овде комплетен инфо имаш.
Нешто вака изгледа тој на мама и тато. Тато го користи. Барам и јас да набавам Ова го изгуглав Попознато како „експрес лонец“ или „претис лонец“ (доаѓа од наводно словенечкиот збор „претисак“, бидејќи храната се вари под висока компресија на водена пареа), ова чудо на готварската технологија во овдешните домови се појавува некаде во средината на 60-тите години и директно го најавува качувањето на стандардот на просечното југословенско (македонско) семејство. нивната практичност, односно сведувањето на повеќечасовното „крчкање“ на гравот или зелката со суво месо на прифатливи 20-тина минути. Елегантни се, изработени од не’рѓосувачки челик, кого домаќинките гордо го нарекуваа „росфрај“. Овие апарати беа опремени со специјален механизам за херметичко затворање и со хромиран вентил на врвот од капакот. Како и секоја друга новотарија, и оваа во своите почетоци предизвикуваше недоверба, па дури и страв. Приказните за тоа дека овие тенџериња лесно експлодираат се ширеа како пожар, па така речиси и немаше улица каде што барем една „комшивка“ не одлетала во воздух, не го изгубила детето или барем не останала без рака. Сепак, домаќинките и натаму храбро го готвеа ручекот во своите тенџериња, наслушнувајќи зад кујнската врата дали тенџерето „шишти“. Сега гледам понуда има на делимано, 6-7000 се, се наканувам да купам некое време и јас. И ќе купам. Нема поубаво нешто, особено за домаќинки ко нас
Може ли да ми кажете некое средство со кое може да исчистам салотеп онаков лепак знаете Имаме еден фридижер дома и на него има траги од селотепот со што може да излеззат а багички се засушени?
@k.frosina Пробај со циф, арф, паста или некое такво абразивно сретство. Ама кога ќе трзаш, трзај со задната (рапавата) страна на сунѓерчето. Треба малку да се запнеш трзајќи ама излегува
Прашај во Диор Центар. Мислам има шанси да работат. Еве телефони 076 496088, 323 2025, 323 2188, а еве ти ги од Автокоманда 076 425 883, 3173 550, 3109 461
Мене ме интересира како функционира тоа попкорн за гледање филмови? Кај може да се најде за симнување? Глеам сите нешто го зборат јас ко изгубена сум
Баба ми има таков експрес лонец,кога ќе вареше во него грав највкусен беше.Мајка ми има од Делимано од 5л но.мислам дека тука нема од 5л нејзинот е купен од Сараево и дури и се падна подарок тенџере Делимано.Многу е добар ни за 30 минути готова е чорбата,на копче на капакот се отвара и затвара
Popcorn Time се вика, програмче е, пиши на Google popcorn time free download, ќе ти даде страна, симни го и инсталирај го, и тоа е тоа, си отвораш таму филмови и си гледаш. Функционира на принцип како овие онлајн страниве што се за гледање филмови, само што додека го гледаш филмот се симнува во лаптоп.
Каде можам да најдам чветчиња што се ставаат на венчиња за девојчиња што се нешто вакво и уште нешто може не е за овде прашањево но ете траките што ги изработуваат од чипка каде може да се најде чипка која се растеглува..Благодарам
Девојки мене ми дојде. И сега прашањето ми е дали може да идам во црква и да се протнам под масичката додека имам? Знам дека несмеам да бацувам икони, но за ова другото не знам. И дали може да кружам во сабота вечерта?