Можеш да влезеш и да запалиш свеќа, а за протнување и вртење околу црква не се препорачува. Ова е останато од порано кога немале никави хигиенски средства за да се заштитат од протекување при менструален циклус, па им било страв да не капне во црква... Инаку во денешно време тоа е невозможно да се случи, па затоа поповите дозволуваат да се влегува во црква при таква состојба.
Не знам во која тема да го поставам прашањево. Каде може да се земе квалификација за пица мајстор? И како оди тоа?
Освен Џамбо, каде можам да најдам подметачи за на маса? ( не за чаши, туку поголеми за под чинија) Фала
Јас сум на М пакетот, само што немам бесплатни пораки и имам 6гб интернет. Ова бидејќи јас го активирав уште пред две години и беше со други понуди. Океј е, проблем со мрежата скоро и да немам, само што интернетот ептен брзо лета. Инстаграм и форумов многу влечат. Еве денес сме 14ти, а мене интернетот ми истече уште вчера. А не го користам секојдневно. Дали пет дена го користев од тие тринаесет.
Јас стварно се чудам на неговиот конентар, не знам да не гледа филмови онлајн што му се троши толку Еве и јас имам пакет со неограничени разговори кон сите мрежи и 6GB интернет, и досега ги немам искористено до крај никогаш, дали трошам месечно по околу 3GB максимум, и тоа трошам најмногу со тоа што слушам музика на јутјуб додека сум на факс или во автобус. Дома имам неограничен интернет и го користам него, можеби затоа мобилниот ми останува.
@*Amethyst* @MagsDestiny И јас се чудам. Од Хром седам на форумов и до некаде ќе сфатам за нетов, ама јутјуб дали еднаш имам отворено, за BuzzFeed не се ни сеќавам дека сум го отворил, музиката од Spotify троши каде - каде помалку нет од музиката на јутјуб. На инстаграм лајкувам и гасам, стори никогаш не гледам од интернетот на мобилниов. И јас имам дома вифи, ама овој го користам кога сум во станот, тука немам интернет дома. Еве сега прерачунав и го имам потрошено за пет дена. Дали е можно да ме крадат?
Ketchup мене од вип ме крадеа. Не ја исклучувај ни таа можност. Е сега не знам кој е начинот да провериш.
Јас малце ќе се убацам ама како имаш инсталирано Spotify? Пошо колку што знам не е дозволено во Македонија
@*Amethyst* @Ketchup јас сум цел живот на T-mobile, уште од кога беше Мобимак. Едно време покрај таа картичка имав и број од Vip, а потоа и број од One, ама нив ги баталив. Т-mobile имаат неспоредливо најдобра мрежа, и не ги менувам. Овој пакет со неограничени повици кон сите мрежи и 6GB интернет го имам од декември 2014, и досега ниеден месец ги немам потполно искористено тие 6GB, а камо ли да ја надминам границата. Месецов најмногу досега ми оди за Instagram зошто слушалките ми цркнаа па наместо музика да слушам си разгледувам слики
Кога имав Снепчет, летаа уште едно 500мб на него. Најпрво ќе симнеш Hola VPN од Play Store, потоа ќе одиш на гугл и ќе пишеш Spotify Mod и ќе симнеш некое од понудените. Ќе одиш на апликацијата Hola и преку неа ќе го отвориш Spotify, правиш акаунт, се најавуваш и потоа си слушаш музика, а Hola апликацијава ја гасиш. Е сега финтата е што на две недели те гаси од тој акаунт и ќе мора да правиш нов. Јас си внесувам рандом имеилови, нема проблем. Не ти бара нешто да потврдиш преку меил. Има и некоја финта преку компјутер, ама јас таа не ја знам. Јас мислам дека мене нешто ме крадат. Памтам кога татко ми беше на Телеком, со 2 гига тераше цел месец, а јас симнував игри од 200мб, песни, плус му крадев хотспот.
@Ketchup А да провериш апликацииве да не ти земаат background data usage ја така некој апликации што во живот не сум користела ми влечеа податоци во позадина особено buzzfeed чим викаш не го ни отвараш.
@sj *O* @lovely97 тоа секој различно ќе ви каже. Мене ми останало учење уште од мајка и баба дека кога жена има добиено воопшто не треба ни да влезе в црква, додека некои гледам влегуваат. Како вие сакате така. Јас лично не би влегла во тие денови.