Луѓенца драги, Каде можам да најдам тексас крагна, по можност темно сива или црна боја? Имам омилена светла тексас кошула ( груб тексас ) , си ја обожавам , е арно ама после секое носење морам да ја перам , зашто има малку подолга крагна од обично и краевите ми допираат на вилицата и обавезно ми се прават со пудра... Не сакам да ја уништам со перење секој ден.. Па ми дојде идеа , да ја однесам на кројач да ми ја одшие оргиналната крагна , да си купам друга во потемна боја и да ми ја нашие таа .. Имам видено такви модели, убаво ќе личи естетски сигурно не е тоа проблем, проблем е кај може да се најде да се купи само крагна.. Фалааа
Еднодневна или повеќедневна? За еднодневна не. Многу пат за ништо. Особено од ск ако одите. Плус ако си на еднодневните тури со автобус, баш и немаш некој избор за јадење горе кај бањите (таму оставаат со бус) . За барем 1 ноќевање убаво е, во селото има таверни и ќе си поминете мирен одмор
Дали некој знае гинеколошка ординација која врши абортус а да е некаде понастрана да не е во центарот на Скопје, може дури да е во околните градови Велес Куманово.. битно ми е само да е сигурна и да има дискреција. Не е за мене, за една колешка е која забремени надвор од бракот па сега е во огромен проблем. Небитно, битно ми е само ако знаете некоја ординација каде би биле мали шансите да налета на некој што ја знае, благодарам многу. П.С Се извинувам ако прашањево не е во соодветна тема, нова сум па поправете ме ако грешам, налетав на оваа тема гледам поставувате разно разни прашања па затоа пишав тука.
Што не одиш во некоја од приватнине клиники? Од тие градови бегаат во Скопските болници,а ти таму,не иди на ризик! (Знаеме дека е за тебе,тоа за другарка прашувам стана клише )
Да не знаете каде би можела да продадам лектири или книги некои?Итно ми требаат пари па ми текна на таа алтернатива.
Да ги прашаш луѓево што имаат како тезгички на ул.Македонија? Зависи каква литература се.. Мислам дека они би можеле да ти помогнат некако.
Имам лектири од основно и тоа накај 10тина а имам и некои постари книги од моиве ама треба да ги најдам..
Ама ова ти е пресметано и скратено пред да ти исплатат нето плата. Ова може, односно има обврска работодавачот да го направи. Од тоа што ќе ти исплатат на сметка никој не може да ти скрати дополнително.
Доколку идам со македонски пасош во некоја земја од ЕУ знам дека само 3 месеци легален престој имам, е сега кога ќе помине тој период од 3 месеци јас морам да се вратам у мк прашањето е колку време ќе треба да останам во МК за да можам во најбрз можен рок да се вратам у ЕУ со истиот пасош?
Мажми има германски пасош, но јас не... и се шеткаме малку таму малку тука... еднаш останавме три месеци колку што ми беше мене дозволено, и три месеци неможев да се вратам во Германија. Сега обично по месец дена одиме, за да не чекаме по три месеци, доделка средиме со документите таму.