Ако ти е за преку ден апсолутно не ти требаат хулахопки, но ако ти е за навечер тогаш зависи. Мене ми е обично секогаш ладно, така да би носела, ама за јас да носам сукња/фустан без хулахопки треба да е 40 степени Вчера вечерта околу 12 излегов надвор по кратки горе и беше свежичко, но не ладно. Е сега за боси нозе, за мене лично е ладничко навечер.
Да си прашам и јас нешто. Во витаминот Ц кој го пијам веќе недела дена , и бидејќи веќе е значително потрошен некаде на дното најдов ќесиче на кое пишува " do not eat" и "Moisture absorbent" , што бара вакво во лек? Има некој претстава?
^^ Епа по логика тоа е ставено да ја собира влажноста од ќесичето. Јас не сум видела до сега такво во лековите, ама ете штом има причина да го стават, нека си стои.
Да не знаете дали може да се купат посебно додатоци за фен? Гледав сега на страна на Техно маркет ама имаше само за фенови комплет со додатоци, а за посебно немаше
Во фирмиве што се за фризерска опрема. На Јужен булевар има една фирма за фризерска опрема ... и во ТЦ Бисер мислам дека има да не нагаѓам види во Златна книга.
Девојки, како може да се извади трнче од ногата, т.е. стапалото? Што не се гледа, нормално, ама таму е, го чувствувам...
Ако не се гледа е многу тешко ама иначе се вади со стерилна игла. Или вака, со некој лепак! http://www.youtube.com/watch?v=_AI6zZgOpXM
Па добро од кај ти е купен? Мора да имаш гарантен лист каде што е обележан овластениот сервис за апаратот. Можеш да прашаш и во Генел. Али искрено не знам кај нас колку се кадарни сервисерите за фотоапарати. Ќе се изначекаш со недели бидејќи скоро никогаш ги немаат на лагер резервните делови.Плус дебело ќе ти наплатат.
Мини апаратот ми е поклон во кутијата освен полначот немаше ништо друго... Морам да го поправам некако иначе отидов
Оди во PixPlus во трговски (најгоре). Они имаат сервиси за апарати. ќе ти кажат дали може нешто да се направи
Која е таа веб-страница каде што ги имало бројчињата на сите оддели во државава на кои се јавуваш и закажуваш за пасош? Треба да се јавам, а поим немам каде да ги најдам. И не прашувам за Скопје.