И со картичка ако плаќаш земаат провизија. Не е висока колку при плаќање со уплатница, но сепак ја има. Видов на изводот од сметката, на 1500 ден. земаат 26 ден., а на парите за таксите некое денарче плус.
Бил некој во Валенсија на одмор ? И евтини летови за крај на август септември за валенсија ( може валенсија - софија, барселона - скопје ) ?!
Ај некој што ќе има прваче од септември,или скорашно искуство,да ми каже што прибор е потребен,фоломастери,боички и такви работи.Сакам да купам поклон за прваче па немам поим што би му било потребно?
Моливчиња, гума, машинка, дрвени боички, фоломастери, пластелин, ножички, несесерче, тафет папир или од оние шарени листови а4 формат, лепак, математичка табела, друго не ми текнува.
Ќе нaјдaм тaму некoи oрИгинaл? Мaлa шaлa. Бев вo Дуки Дaсo, aмa немaaт некoј гoлем избoр. Мoже дa тркнaм дo Верo центaрoт тaму верoјaтнo имa некoј избoр.
Здраво сакав да прашам колкави се шансите за факултет економски или пак машински ако прва и втора година си поминал со тројка. Оценките не се лоши туку просекот е добар бидејќи француски и англиски оценките се два. И само по тие предмети има двојки многумина велат дека има шанси да те примат сакав да прашам овде и секако во средно смер економски?
На машински најверојатно ќе те примат, најчесто ни државните квоти не им се исполнети. На економски можеби ќе те примат, ама најверојатно во приватна квота. Додека не видиш конечни резултати не можеш да знаеш колку луѓе ќе се запишат. Ама генерално на економски и правен има многу студенти и квотите им се пополнети.
Во Њујоркер имаш фини очила за сонце до 500 денари. Квалитетот не им е воопшто лош, мене сите модели кои ги имам купено од таму ми се погодиле. Исто и во Рамстор, таму има дури и поевтини - 350-400 денари.