Никогаш не би кажала дека нешто во врска со моето тело е бљак, а вкусувањето на својот секрет, особено по мастурбација е добра тактика за да си ја запознаеш вагината, да разрешиш срамотно чувства во врска со својата сексуалност и сексот (ако ги имаш) и да си го љубиш и тој дел од себе. Ова нормално, ако имаш таква цел да се поврзеш со својата сексуалност/тело. Мене никогаш не ми било гадно.
Ја лично никого не терам. Ако му се свиѓа да пружа орален, арно, ако не, пак арно. Така сакам и од негова страна да биде, ако јас сакам и не ми е гадно. Мислам... свашта ни излегува од телото па немам намера све да вкусам, no thanks
Ако ви смрде путката и има лош вкус место да се гадите сами од себе постете доктор итно. Доколку вагината ви мириса на жива риба, расипано јајце, морска храна и друг остар мирис, или доколку има вкус на железо, солено или кисело време е да го посетете вашиот доктор. Здрава вагина без бактерии нема -остар- вкус и мирис кој би предизвикал гадење.
Само сакав да кажам дека нема потреба од гадење од сопствената вагина, по вкус, мирис, допир и изглед. Нема да ве убедувам секако, ама убаво е чувството да си ја сакаш вагината и се во врска со неа, мислам дека секој поубав секс има кога се поврзува со тој дел. Јас си имам седено пред огледалце и ја осознавав вагината како ми изгледа, баш ми беше супер.
Не мора да значи. Постои пап тест кој мора да почне да се праве веднаш откако една девојка стане сексуално активна за прв пат. И други брисеви кои откриваат типизација на бактерии и вируси. Доколку се одржува се како што треба, нема да има бактерии и да смрде на мртов коњ.
Помеѓу „добрите и лошите“ бактерии постои постојан натпревар во одржување на една деликатна рамнотежа. Постојат многу фактори кои можат да ја нарушат, а некои од нив се: лоши хигиенски навики, носење синтетичка и тесна долна облека, пливање во базен, антибиотска терапија, обилни менструални крвавења, шеќерна болест, намален имунитет, стрес, несоодветна хигиена, надразнувачи присутни во козметички производи, хормонални промени, бременост итн. Ако вагиналната флора е компромитирана, заштитната улога на лактобацилите е намалена. Поради намалениот број на лактобацили, се произведува помалку млечна киселина и се менува протективната вагинална pH-вредност, што им овозможува на „лошите бактерии“ да се размножуваат и да доведат до бактериски дисбаланс. Кога, штетните микроорганизми ќе се размножат над одредена концентрација, започнуваат да се јавуваат тегоби карактеристични за вагинални инфекции. Во случај на појава на следниве симптоми, карактеристични за вагинални инфекции, како што се: зголемена вагинална секреција, променета боја или непријатна миризба, чувство на печење, црвенило и чешање на надворешни гениталии, често мокрење, болни и непријатни сексуални односи, потребна е консултација со гинеколог. - др. Ирена Андонова. Заклучок, ако смрди има сериозен проблем.