1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Орална хигиена - нега на непцата и забите

Дискусија во 'Лице' започната од girl1985, 25 јули 2011.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Видов тема околу белеење на забите, ама мислам дека би била корисна и ваква тема во која ќе може да ги споделиме нашите искуства и секојдневни навики за одржување на добра орална хигиена. Дали ви е важно каква четка и паста за заби користите? Или користите што ќе ви дојде при рака? Јас на пример имам многу осетливи непца и многу често знаат да ми се воспалат. По последната препорака од мојот стоматолог бидејќи имав воспалена гингива е да ја користам едно месец дена Lacalut aktiv.
    [​IMG] Инаку ја има во Тинекс, Космо, Веро, Зегин по цена од одприлика 140 денари за 75мл. Во план ми е и да ја сменам набрзо и четката за заби која практикувам да ја менувам на секои 6 месеци. Последно ја користам Signal White System Medium [​IMG], ама сега сум на мислам дали да земам летка за заби на Lаcalut или Curaprox кои се исто многу препорачани од страна на стоматолозите. Од неодамна почнав да користам и интердентални четки за заби на Lаcalut, изгледаат како мали четкички за маскара [​IMG]. Служат за убаво да се исчистат одредени простори меѓу забите, на пример јас имам џеб на долната лева вилица и многу ми помагаат за да ја исчистам храната која таму се насобира а со обична четка за заби тоа е невозможно. Споделете ги вашите искуства. ]:)
     
    На cresa-jagoda и kara23 им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Забите ги мијат 3 пати дневно користам Колгејт паста и четка, исто џвакам мастики кога не можам да ги измијам забите. Важно е четката за заби да не предизвика крварење на непцата и сакам од оние четки што го чистат јазикот :D :D :D
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Сакав да отворам тема за четки и пасти посебно, ама еве имало.
    Едно од прашањата што сакав да ги поставам е на колку време ги менувате четките за заби?
    Прочитав некаде дека безразлика колку била оштетена требало на два месеца да се менува, кога ќе и се искриват влакненцата?
    Купувате по мерка за вашите заби со средна големина, големи, мали или не обрнувате внимание на тоа?
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Ja користам оваа паста на Колгејт[​IMG]. Порано користев исклучиво Колинус,ама некако ја изменија ,и ја сменив со оваа.Четката знам дека треба да се менува на 3 месеци,па гледам барем на приближно толку да практикувам.Секогаш земам различни четки ама битно ми е да е Медиум-значи средно тврда,оваа најмногу се препорачува.Следно сакам да си земам на Curaprox,слушнав дека многу се добри а и не се повеќе од 200 ден.
    Користам обавезно забен конец,не си легнувам ако не ги исчистам со конец забите.Интердентална четка имам ама ретко ја користам.
    Следно сакам да си земам од водичките за испирање зошто ми се направи еден џеб,па често ја плакнам устата и со камилица или чај од жалфија.Забите ги мијам насабајле и навечер а по потреба и повеќе :)
    Сметам дека кај нас свесноста за орална хигиена треба да се подигне.Оралната хгиена не е само-земам четка и паста.Битна е и техниката на четкање,треба да се помине нежно и непцето и јазикот,-има четки нели и за јазик што имаат за четкање од др.страна.Џабе се четка ако не четкаш правилно.Исто и забниот конец е задолжителен како и четката и пастата.Како и времето на четкање-не само помини еднаш и ајт :hai:
     
  5. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Бидејќи редовно ми крвареа непцата, се обратив кај мојот стоматолог, кој ми ја препорача пастата Lаcalut Active. Оттогаш редовно ја користам и можам да кажам дека сум многу задоволна.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Имав проблеми со непцата многу ми се разрануваа и ми течеше крв. Но од сегашнава паста за заби Денталукс се вика немам нкаков проблем. Вака изгледа пастата и не е скапа воопшто околи евро ипол од Лидл.
    [​IMG]
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Забите ми се навистина многу многу важни и токму поради тоа се трудам да си обезбедам и овозможам беспрекорна орална хигиена.
    Имам почетна парадентоза , па со оглед на тоа морам многу да внимавам, редовно одам на чистење забен камен, парадонтални џебови, пескарење и сл.
    Од мојот стоматолог добив совети за правилно миење на забите, кој ни оддалеку не беше ист како тој на кој сме повеќето научени лево- десно, горе -доле(баш како на видеото кое е прикажано. Од почеток ми беше мачно, но еве веќе цела година си се навикнав и немам мака), како и за користење на Лакалут актив, 3-4 пати годишно и строго употреба на Курапрокс четка, за која морам да кажам дека е најсовршеното нешто кое е измислено :)
    Четката треба да се менува на 6месеци, за разлика од другите четки кои го губат својот облик и се искривуваат влакненцата, Курапрокс не го менува обликот никогаш, меѓутоа се осеќа пазликата кога се употребува нова, па затоа сметам дека правилото за менување на четката кога ќе се искриват влакненцата не е во ред.
    Исто така користам и конец за заби на Џонсонс, отпочеток мислев дека може да се употребува постојано, но не сум била во право. Правилната употреба на конец, освен во начинот на вртење и поминување низ забите , е тоа дека не смее да се користи повеќе од два пати неделно.
    Се надевам дека ви помогнав при вашиот избор :wasntme:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Ги мијам забите 2 пати дневно со Lacalut White и навистина ми се бели , понекогаш на четката за заби ставам малку сода бикарбона за да се уште по бели :D
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      8,6 KB
      Прегледи:
      892
  10. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Jaс користам Лакалут исто како и Li..Na само што користам не само White туку и Active :) И стварно е квалитетен :) Имав проблеми со непцата ми се разрануваа и сега ми се опоравуваат :)
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски

    поздрав Лукс
    Неколку стоматолози ме имаат советувано што почесто да се менува четката, и да, јас ја менувам на месец и пол-два, и најдов предобри четки на орал-б во рамстор и тинекс, со капаче и страна за четкање на јазикот за 25 денари :clap:
    сум имала и многу скапи, и секакви четки, не ми праело разлика
     
  12. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    И јас имам многу осетливи непца и по препорака на стоматолог користам:

    Паста - Lacalut Aktiv
    Во комбинација со Lacalut Aktiv течност за плакнење уста (нешто одвратно, ама ептен помага).

    Четка - Curaprox 1560 :inlove:


    Обавезно користам и конец за заби.
    Мастики џвакам 24\7 и треба да пробам да ги намалам.

    Инаку, четката ја менувам 2-3 пати годишно.
    (Многу е квалитетна и нема потреба да се менува почесто, за разлика од другите четки кои ги менував на секој месец ипол-2) :)
     

    Прикачени фајлови:

  13. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Јас користам една електрична четка баш ми е супер,инаку немам баш многу осетливи непца..
     
  14. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Моментално користам Lakalut aktiv поради тоа што имав воспаление на непцата, а ќе продолжам да ја користам и понатака. Забите се половина здравје и мене ми се многу битни,се трудам секогаш да ми се чисти,а четката ја менувам на секој 1 до 2 месеци.
     
    На resenska и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Користам Lacalut, исто и таква четка :)
    Според мене, пастите Colgate се дефинитивно најужасни..
    Читав на нет, дека имаат канцерогени честички, и многу е опасно ако се голтни дури и многу мала колучина на паста.. :?:


    Ај помош.. од пред некој ден, ме скокотка долното непце.. :doh: Мислам не цело време, само кога ќе помислам на тоа, а потоа скокоткањето трае најмалку 30 мин.. и така 5-6 пати на деен..
    Дали можи да е струпче на непцето? Бидејќи прв пат ме заскокотка кога бевме во Бугарија, Банско во еден хотел.. да не не му биле убаво измиени виљушките.. :tmi: :?: :^)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Јас користам паста и четка Lacalut DUO.
    Пастата овозможува двојна заштита од кариес, реминерализирајќи ја забната глеѓ.
    Четката го има истото дејство, формулирана е да навлегува и во меѓузабните простори со што се намалува потребата од примена на интердентални четки (секако доколку немате парадентални џебови во кои навлегува храна). Плус четката на задната страна има дел за чистење на јазикот.
    Последно ги купив двете за 140денари, во една аптека имаше акција ако купиш паста добиваш четка гратис.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ја користам Лакалут црвената паста. Веќе не ми крварат непцата и забите не ми реагираат на топло - ладно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Little girl

    Little girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    65
    Здраво. Денес купив од медицинските четки на Curaprox. Земав од таа што е со 5460 влакна, таа ми ја предложи аптекарката, рече сите ја земале. Некој да ми објасни што е разликата во бројот на влакна?
     
  19. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.370
    Пол:
    Женски
    Многу ми е битна оралната хигиена,
    користам sensodyne паста за заби два пати дневно понекогаш и до три пати, лакалут ili oral b конец за заби и понекогаш купувам за испирање таа течноста за плак што е oral b или colgate
    20220817_003324.jpg
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.