1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ораторство

Дискусија во 'Образование' започната од stojanovskata, 1 март 2014.

  1. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Натпревари по ораторство во средни училишта.Дали некој оди?Дали некој бил?Дали некој запознаен со ова?Денеска по часот по историја случајно требаше да прочитам текст,одкако прочитав професорката ми кажа да станам и да почнам пак да читам.Станав читам читам и ѕвонеше.Професорката ми кажа обавезно да сум се запишала на секицијата за оратоство во нашето училиште дека сум имала стас и глас за тоа :^) :$ :lol: Па ако некој знае нешто повеќе за ова нека пише :)
     
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    а што е тоа ораторство? никогаш не сум слушнала за такво нешто :?:
     
  3. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    Јас бев шампион на Македонија пред некои 7-8 години. На републичкиот не се работеше за читање текст туку имавме 15 минути да спремиме говор на тема што тогаш ни ја даваа а потоа комисијата (составена од професори на правен и шампионот оратор на студентите) поставуваше прашања кои не беа така едноставни. Мислам дека е сеуште така, оратор не е тој што убаво чита, туку тој што е способен да спреми говор на било која тема во најкратко време и со презентацијата на истиот да ја освои публиката.
    Ако имаш потенцијал јас ти препорачувам да одиш, искуство е што ќе ти биде многу потребно понатака во животот. Да знаеш да се изразиш на прав начин во право време е бесценето. Јас дури и ден денес го ставам во курикулум и гледам работодавците се секогаш воодушевени и ме прашуваат за детали. Дури еднаш на едно групно интервју убедена сум дека ја добив работата само заради овој детал, зошто некоја друга разлика и немаше меѓу мене и другите кандидати. Така да ти гарантирам дека е доста корисно искуство.
     
    На stojanovskata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Послем ова што го прочитав дефинитивно одам :D Утре ќе ја прашам професорката да ми каже каде да се запишам и која е одговорна наставничка.Само уште нешто ме интересира,како се вежба мислам што се прави и како одат натпреварите првин градско па државно? фала многу
     
  5. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    Па во принцип или имаш дарба или немаш. Треба брзо размислување и добро изразување. Наставничката ќе те вежба така што ќе ти дава теми и одредено време да размислиш на истата а потоа да се изјасниш. Ова треба да биде без запишување, туку на памет, за да ја тренираш меморијата а и зошто не е лесно да се преточат мислите во зборови. Темите треба да бидат што повеќе апсурдни, чудни. Така ќе ги прошириш размислувањата. Ако те праша нешто општо и секојдневно ти веќе имаш размислувано на таа тема и ќе и кажеш веќе готов став. Значи што поизненадена си од темата, тоа подобро.
    Иначе кога бев јас, прво натпреварот беше општински, па победникот оди на републички, каде прво има полуфинале па финале.
    На републички ќе сретнеш навистина спремни деца, некои и без влакна на јазикот, така што биди добро подготвена.
    п.с еве ти пример: што мислиш за облеката на медицинските сестри? Ова беше моето прашање во полуфиналето.
    Среќно :)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  6. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Еве за примерот.во моментов вака би објаснила.
    Облеката на медицинските сестри па да секако дека треба да биде бела како што е,неможам да замислам да се во друга боја.Цела болница се во бело и нормално нивната облека да биде бела.Сепак тоа е најнежната боја и на неа може најубаво да се види кој колкава хигиена има.Само мала флека се гледа и тоа секако не е убаво.Прво нешто на кое ме асоцира медицинска сестра е лице кој помага на луѓето а веднаш потоа и хигиена.Да хигиената како основно средство во секоја болница,на секој човек...Како стручно лице многу би било лошо да немаат хигиена,а на белата боја тоа најдобро се познава.Никако не би сакала да бидат опблечени во некои кратки суќни и преотворени маици,се наоѓаат во болница каде што луѓето се мачат со своето здравје а не во дискотека.Суќна под колена,добро затворена маичка или пак панталони би било идеално.И да никако да не носат кондури за по надвор туку специјални обувки кои се бели(незнам во моментов како се викаат_)Медицинското лице треба да биде лице кое на секое место и во секое време би можело да даде помош на лица на кои им е тоа потребно а не лице кое таа работа ќе ја работи без воља и лице за кое послем работното време не значи ништо давањето помош во секоја смисла на зборот.
    Редактирано-Само што го пршав таткоми дали сеуште се униформите на медицинските сестри бели он ми рече не.Со новиот закон тие се плави.Тоа е многу погрешна одлука според мене.Ако целта била д асе разликуват тие од докторите тогаш можеле да носат едноставно беџ на кој ќе пишува кој е што е.Медицинското лице треба д абиде во бело ,а сите друѓи чија работа не е зравјето на луѓето треба да бидат во плаво.Број еден боја на игиената е бела и тоа треба така и да остане.Но не сме ние тука да кажуваме доколку владата смета дека така е подобро неможеме ништо туку само да се навикнеме на тоа :)

    Тоа што ми трекна во моментов за нкои 5 минути (можеби и ми ја погоди на некој начин темата :$ )Па каков е текстов според тебе?
     
  7. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    ^ А ако ти кажам дека никаде во светот медицинските сестри не носат бело? Дали тоа значи дека помалку обрнуваат внимание на хигиената? ;)
    Настрана тоа што остави многу простор за шах мат прашања. Како за почетник говоров ти е добар. Внимавај на изборот на зборови, не смеат да се повторуваат пречесто. ( на почетокот хигиена ти се повторува премногу). Друга работа. Не осврнувај се премногу на апстрактиот дел од прашањето односно одговорот (како во случајов хигиената). Осврни се на конкретниот дел, а за ова прашање тоа би била фукнционалноста на облеката. И баш затоа, сигурно и сама забележа, вториот дел е многу подобар.
    Сума сумарум, со оглед на тоа што немаш вежбано, не е воопшто лошо ;)
     
    На stojanovskata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Зависи од типот на натпреварот.
    Обично има повеќе категории - подготвен говор, импровизиран (она што го спомна confused погоре), а има и категорија за интерпретација на туѓ говор (на пример Обама да речеме).
    МАССУМ организира и натпревар во ораторство, а бидејќи си од средно стручно школо, би можела да се пријавиш. Јас колку што знам они организираат стриктно подготвен говор (барем така беше пред неколку години, дечко ми учествуваше и зема прво место). Мислам дека нема категорија импровизиран говор, а колку што се сеќавам, можеше да биде на слободна тема.
     
    На confused и stojanovskata им се допаѓа ова.
  9. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    хаха добро е :D не сум вежбала воопшто,ниту знаев што е ова до пред два дена :) Али изгледа треба да си талентиран за ова а не да треба да го научиш :)

    Дада од средно економско сум (Борис) утре ќе идам порано во школо за да ја затечам професорката оја го води ова бидејќи е во дугата смена.Секако полесно ако е подготвен говор али ајде ќе видиме што ќе биде...Во секој случај фала на двете што колку толку ме упативте во ова :)
     
  10. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    326
    [/quote]

    Јас бев на импровизиран говор и тогаш тоа беше единствена категорија ако се сеќавам добро. Зборувам за пред речиси 8 години, не знам дали сеуште е исто. Ако сега е со подготвен говор, подобро за кандидатите.
    Повели и друг пат :)
     
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    На 5 март со почеток од 19 часот има ``Ноќ на беседите``,ораторска вечер од хуманитарен карактер во Д.Х.О ``Даре Џамбаз``,влез е 100 денари. :)

    Добра можност да се запознаеш со членовите на Ораторскиот клуб и да видиш како изгледа еден таков настан. :)
     
  12. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Иако видов ден подоцна сепак и да видев немаше да можам да отидам дека бев на аеробик 8) Бев и ја прашав професорката она ми кажа дека веќе почнале да вежбаат и дека натпреварот бил на 17 немало време,затоа здравје боже наредната година :$ :)