E, па ќе ти реплицирам бидејќи сме на слична возраст дека не е се‘ до партнерот. Вакво мислење од машко кога ќе чујам ме навредува.Ти да не си се реинкарнирал од девојка во машко па сега ќе ни делиш овде совети од прва рака за оргазми,м? Јас не чекам пасивно на партнерот за да дојдам до оргазам туку активно се вклучувам со моите мисли и тело да го постигнам! И го постигнувам повеќе благодарение на себеси негово е само да ме инспирира и да внимава на подолгото времетраење,нели . И ај те молам просветли ме како кога партнерот ќе сакал девојката ќе има оргазам ? Значи оние девојки кои немаат уште имано оргазам, било резултат на тоа што нивните дечковци не сакаат?! Стипси едни, само на себе мислат, а во секое време тие се ојмајти Ерос , би било смешно да не ми е трагично вакво размислување.
Теодора, жено, потпис и печат ударам. Кај бе тоа ако партнерот сака, јас одма ќе свршам? Мижи асан да ти баам . Ако јас сама не си се потрудам да си ја наградам душичкава со оргазам, тој ако сака 5 саати нека ме е*е, џабе ќе му е. Се е до психата на жената. И плус битно е колку таа сама знае што навистина сака (која поза и одговара, колку пенетрација и сл) т.е како доаѓа до оргазам. Како што не е исто кај секој маж, така не е исто кај секоја жена. Јас морав да поминам 3 години односи без оргазам, за да конечно потоа научам како да го доживеам (да не смешаме поими, зборувам за вагинален оргазам кој потешко се достигнува, додека за клиторичниот никогаш не ми било проблем). А ти, обиди се со различни техники, брзини, вештини при сексот. Инаку, многу фактори влијаат на оргазмот-колку повеќе го посакуваш и мислиш на него во текот на сексот-толку повеќе ти бега.
Јас постојано доживувам оргазам Имав некаде прочитано статија дека тоа зависи од мастурбирањето. Колку порано почнала и почесто го прави подвигот на самозадоволување толку сее поголеми шансите за оргазам... Тоа му доаѓа како „Ако не се сакаш себе, кој ќе те сака“ )))) нели?
Оргазмот е најбитната ствар...ако не се деси неколку пати нема блажено фациче кај партнерот после сексот...хахахахха
Баш читав прееска на фемина тука, во статиите дека способноста на жената да доживее оргазам се мерела со тоа колку можеш веродојтојно да испишеш 8 со колкувите во стоешка состојба. И се зголемува интензивонста на оргазмот ако ги стегате мускулите на вагината. Ајко ја најдам ќе ја постнам, во секс е мислам
со првиот партнер беше ужас, катастрофа и полошо со вториот беше а со сегашното сонце ке видиме не сме стигнале до тоа
оргазмот потикнат од лични емоции, е тоа што нашето тело го ослободува од напнатоста предизвикана од еротски набој
Катастрофа , неможам ни кога сум сама срам ми е да кажам дотука било и кога се самозадоволувам неможам да свршам .Жени помагајте ова не е во ред
Не да гледам се предозирав ќе ме затворат Со се пробав , изгледа сетилата ми згаснале.Ни пироман не ме пали
хммм... кај тебе стварно е страшна работава Јасј би ти препорачала да не мислиш на тоа, некогаш тоа е одговор на некои проблеми. Едноставно опушти се, не мисли на тоа дали ќе свршиш или не, дозволи страста да те понесе максимално, па тогаш види го исходот на сето тоа. Често се и проблемите, стресот, глупостите кои ти се моткаат низ главата...Така да, мозокот стенд бај, затвори очи и уживај во задоволството кое ти го пружа твоето момче Ај пробај и пиши ни
hahhahah se iznasmeav,,,,,,,,,,a da ne te palat zivotni,nekoj konj ili magare hahahah,SE SALAM ,,,,,,,,,
хахахаххахаха да да, може и у тоа е проблемот пробај, знам дека има со џуџиња, со животни, аниме можеби хахахахахаххахаха леле Блонд, мене ти ме изнасмеа не ми текна дека може е до тоа
Stronger психички да не е нешто? Пошто не делуваш како девојка која има табуа во сексот, а и си испробала многу работи...
Можам да се согласам дека веројатно е од стрес, нервозата прави да немам концентрација , трпение е се што ми треба а во моментот никако неможам да најдам спокој , и тоа баш без никаква причина.Постојано сум нерасположена. За клиповите не ме зезајте не требаше да се кажам Гледав многу ама дефинитивно не сум откачена до толку да пуштам со животни и џуџиња дури после тоа нема да ми се присака , ни секс ни јадење.Ете така , барем во тој сектор не сум фрики
XstrongerX ти сингл си сега или? Одите уште со дечкото? Сигурно нешто психолошки те мава, штом ти се сака... Добар знак е што не си изгубила желба за секс. Ма ќе дојде кога најмалку очекуваш. Само смирено На сите ни се случува блокада.
скраја далеку , не сум без маж ..уште сум со истиот.Знам дека ќе се среди се , само ми здосади да чекам.Сега добив, кога ќе ми помине , ќе бидам трпелива до овулација ќе апстенирам , нели тогаш желбата би требало да е најизразена , па ќе видиме што ќе биде.Ќе ви пишам ветувам , па макар и да се само лоши вести
хаха само тогаш желбата ти е најизразена?! Се шалам душичке...ајде мислам дека сите се соживуваме со твојов проблем ти посакуваме среќа, и само опуштено и страсно... чим имаш подолга врска...можеби треба да разговараш со него?