1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Организација...кoj за што одлучува?

Дискусија во 'Свадба' започната од Snow-Queen, 25 април 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Во денешно време какви се примери не сум се изнагледала, и што се не сум се изначула.
    Тргнувајќи од тоа, кумата да не ја праша невестата каков бидермаер сака. Или да не се слушаат желбите на маладенците. Свекрва да кажува адети, бабата да ги порекнува...па кавги замерки за глупости...."Ама ние сме машка страна", "е неможе тој ресторан", "е ние си имаме ваква традиција",....и триста други тракатанци. Мене ми се свиѓа мене не, е зашто она иде со тебе по венчаница а јас не....бла бла бла.

    Девојки како вие се снаоѓате со проблемиве, или како сте се справиле? Кои проблеми ги имавте вие од овој тип?
    И општо што мислите, кој за што треба да се прашува, и кој за што да одлучива?
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Ние кога правевме свадба толку бевме релаксирани, просто не ми се верува. За СЕ буквално одлучивме јас и маж ми, ама за се. Ресторан си избравме сами, прошетавме, се распрашавме и си закажавме. Исто и датум. Покани-се знае. Отидовме двајцата и за среќа на двајцата истите ни се допаднаа. Фустанот го одбрав со него, во првиот бутик во кој што влеговме (добро, го имав видено на излог претходно :P ). Оделото за него го купивме заедно во 5 до 12 што се вели (оти секогаш тврдеше дека за него е најлесно, не било проблем... како не :) ). Од адети се откажавме од старт, исто и од зимање невеста. Може звучи лудо, ама помина само тој, ме собра од дома ко да излегуваме (венчаницата ја носев спакувана, ептен ќе беше смешно викам ако ме види некој комшија на пример како си излегувам онака со венчаница сама) :D. Си имавме соба во хотелот и таму се облеков, а најблиските другарки си беа со мене додека се спремав и беше многу убава атмосферата... Значи СЕ одлучивме НИЕ, и музика и мени и торта, ама се живо. За среќа, не ни се мешаа ни моите ни неговите, за се ни викаа „Вие како ќе си одлучите-така“. Исто за среќа имавме и исти желби-ако веќе правиме свадба, да биде поедноставено се. Вечерта си останавме јас и тој на спиење во хотел, дури утредента си отидовме. И тоа беше наша желба, ама ВООПШТО не се заморуваме за овој оној што ќе рече.
    За бурмите веднаш се согласивме какви сакаме и сами си избравме, во еден ден.
    Подароци за кумови и старосвати јас сама си избрав, за кумовите само му кажав што планирам, зашто не правев традиционални бовчи, туку по мој избор, а според луѓето кои ги дарував.
    Е сега, ќе беше „весело“ ако на пример јас викав „Не сакам земање невеста да има“ а тој или неговите да запнеа... Или ако не се согласувавме за најосновните работи, како ресторан, мени, музика и сл... Во тој случај навистина не знам што би правела.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Точно дека за се одлучивме сами, ама не беше лесно! :lol: Пробаа доста да се мешаат од страна, им направивме на сите по некој ќеиф ситен, и крај. Кај нас ќе има одење по невеста, ама без помпи, без играње фустани и кондури по комшилук, без врати буткање и незнам што се се прави, туку сакам да се слушне музика во моја куќа. Одамна немало радост. Хотелот - сами, покани, китенки, декорации - за се имав полномошно за 100% одлука затоа што мм не се замараше ама ич, фустан - јас и шнајдерката, кондури јас си купив, оделото заедно го купивме ама по со време затоа што проблем беше наоѓање за двометраш, па моравме да знаеме дали ќе треба да шие. Цвеќиња - јас, и ко ќе видиш уствери, за цела свадба се изнатрчав, два пара кондури искинав, останатите од што бев децидна дека несакам воопшто да ми се мешаат, не ми се ни понудија! :lol: мм само шраѓуваше колку и каде треба да плати. Ама затоа пак, целата тема е по мој ќеиф ;) Ако се запнеа старците ептен за некои глупави адети, Господ ќе ни беше напомош. Ќе имаше проблеми! :P
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    Кај нас за нашата свадба која е во тек на подготовка, на почетокот јас дадов на знаење на идното муже дека мешење од старите нема никако. Мажите и те како би оставиле се да им средат други за тие небитни ситници, да, да идни невести за нив какви ќе бидат салфетките или прекривките на столиците е помалку битно и од ланскиот снег. Ама јас уште на старт на убав ама експлицитен начин си кажав дека не сакам мешања од старите и тоа и те како се почитува. На мојте неморав да им кажувам, они и те како си знаат со кој си имат работа, и сега помагаат само таму кај што јас ќе побарам помош.
    Така за ресторан сами си ги прошетавме и одлучивме и закажавме, исто и за музика и фотограф, јас сама си одбрав покани, тука никој не ми се мешаше, исто и фустан, само мужето знаеше каде, од прилика каков ќе шијам, мојте сега готов го видоа, они ми помогнаа и ми го земаа од атејето. Подароци за кумовите и старосватовите се сама избрав и купив, мајка ми ми купи само за свекрвата, мислеше дека подобро ќе избере и мене ми беше од помош па и дозволив. И така имаме ние уште работи.. Немам чевли, треба да средиме околу бидермаери, китенки, навлаки за столиците во ресторан.. А костум и се што му треба си купи сам мужето е тука е како жена, сака да си се среди и знае што сака. И од помош ми беше, бидејќи повеќето мажи и тука баарат помош од идните невсти. Така да јас одредив и час за доаѓање по невеста САМА, уф знете нескав мешање ама на крај тоа па значеше јас да се ангажирам во секој дел од организацијата и значи голем напор и нервози за мене. Ама сепак помирна ми е главата отколку уште секој да ми се меша, чинам така никогаш нема работите да се организираат и завршат.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  5. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Прво и најбитно.Ние одлучивме да се земеме без да прашаме никој за тоа.Мислам дека беше правилно.Да ги прашав моите ќе ми кажеа дека избрзувам, а неговите ќе го советуваа да не го прави тоа бидејќи не ме познава доволно.
    Тие имаа повеќе гости па им попуштивме за ресторанот.Мајка му е вработена во еден дотичен, испикан во село в грмушки па првичен предлог беше таму да се веселиме.Е немаше шанса и ден денес ми е мило татко ми што не и даде зелено светло.Беше подеднакво далеку за нив колку да дојдат до мојот град, а за нас патот беше дупли.И местото беше крш, пропаднато.Дотичната до денес е навредена што нема да е таму, и замериле колегите.Будала.И ресторанот го решивме.Некако испадна муабетот , да се наџемо на пола пута , ако е во нивниот град ама салата е поуредена и понормална.Нешто како копија на Арена во Битола.
    И не е дека за се одлучува свекрва ми ама баш би сакала да е така.Ама не и дозволувам и заради тоа се изеде.Цвеќарка одбра таа, за која како што се пожалив во соодветната тема мора да платиме по пола.Тортата исто таа си ја одбра и исто мора да ја платиме по пола.Си зема преголема слобода да се меша во работи кои не и доликуваат а најбитното е дека нема вкус.
    Кога го бирав фустанот проба да фрли некој збор ама на истото тоа и фрлив јас злобен поглед само изгледа тоа не ја смири.Си одбрав каков што си сакам јас ама за да има нештото и нејзин печат мораше да даде предлог да сум ставела на фустанов чипкан МОЛИМТЕ црвени ружички во дијагонала оти така видела на некоја свадба и тоа било модерно.Косата да ми бидела што е можно поприбрана оти таа се потела како свиња па несакала да сум како неа да бидам како мачка накисната на сопствената свадба.Ама јас мислам дека подобро изгледам со полежерна фризура и ќе и направам шок :D Ќе ја навиткам и ќе ја пуштам па нека се уљандиса|( Бидермаерот јасно и кажав дека ќе биде од црвени ружи и друга варијанта не доаѓа во предвид ама само за да ме пецни прокоментира дека сум немала вкус и можело да има и бели.На цвеќарката и фрла под око шо ја еб*аш нареди и и бели внатре па нека се чешла.Тоа го приметив и давам ЈАВНО ветување дека ќе го искубам и ќе и го вратам в цвеќара да го пренаменат за венец погребален ако го направи тоа, ако ми го дојси на свадба таков...ако има свадба воопшто.Не само што си одбра песна за себеси, одбрала за сите на кои редот им носи да заиграат напред.А кажа дека ќе одлучела и како ќе играат гостите.Ако некој случајно си почнел да игра башка оро ќе му се обратела на микрофон да седни.Ама јас одлучувам поинаку па денес го собрав бендот и им кажав дека е шизофреничар ама сака да си направи ќеф па ќе дојде на свадба ако ја пуштат од болница :D :D и тоа ни под разно да не го спомнат оти таа се лути а и домашните ќе се налутат оти сум кажала дека е болна.Проблемот решен, па барем еден од проблемите.Нема да има пристап до сцената.
    А, за песната која таа ќе ја игра , бидејќи таа ги одбра сите останати ќе ја одберам јас.Има една што ја мрази се пее "Весела сум свекрва" - е жими мајка неа ќе и ја порачам.И ќе и мафтам со шамивчето.Со изговор дека мене не ми кажала дека ја мрази а јас случајно ја наслушав како зборува со комшивката дека немало да игра ако ја свират таа :dance:
    И за костумот на маж ми даваше мислење.Ама тој ја отера таму од кај што е дојдена кога почна да го срами до кај што влеговме да разгледуваме.И сега тој ќе си шие, а таа се заканува дека нема да го плати.Тоа и е најнова закана, за се што нема да ја послушаме нема да плати.Немора.Ме заболе мене.
    Да се вратиме кај цвеќарката, мислам дека ќе има уште малку војна околу тоа дали салата ќе е украсена во албански кич стил или нема да е украсена воопшто.Колуминација би била на самиот настан да исфрлам се што нема да ме бендиса да и наредат кај неа на маса.
    Адети нека си бркај кај неа, тоа не и го забранувам.Ама за кај мене да суфлира не ќе може.Еднаш ја седна мајка ми да и попува да купела бакарно ѓумче, да месела леб, да варела ориз, да одела од лево надесно,вечерта да не јадиме грав за да не прдиме на свадба лоши духови да не биле тука |(
    Оди мори лечи се, сакав да и речам, а мајка ми искулирана и рече дека ние сме паганци па немаме традиција и се наведено е за нас неостварливо.И во последни обиди да не премисли дојде мило да ме моли да им ставела мајка ми на свирачите крпи на лево рамо оти таа планирала на десното да им стави.И тука јас го пуштив сарказмот да решава понатаму и ладнокрвно и кажав дека ние кај нас на свирачите им врзуваме лигувче околу вратот.Ме погледна бледо, ама јас бидејќи јасно очекуваше објаснување и кажав дека така се прави за бериќет за следен пат на крштевка да ни свират.Сега ја гледам, си велам ако стварно спреми и таа кој циркуз ќе е ...свирачите со лигавчиња.

    Сакам да кажам свекрва ми би сакала да одлучи за се, ама не ќе може.Тоа само преку мене мртва.
     
    На Mantub, BunnyGirl, rainlover и 2 други им се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Кој плаќа тој треба да одлучува :D Се мрштите а? Епа платете си и имајте свадба од соништата :D
    И јас сакав триста чуда за мојата свадба ама на крај испадна типично традиционална македонска и види чудо тоа воопшто не влијаеше на квалитетот на мојот брак. Имав опција да плачам, да се нервирам, манијачно да го контролирам секој дел од свадбениот ден, ама реков -по ѓаволите, ако се расправам со четворица старци од времето на Тито за секој детал од свадбата (која бај д веј тие ја плаќаат) на крај може и до свадба да не дојде :D
    Далеку од тоа дека за ништо не одлучував, ама пак дека се беше во мои раце -не беше. И небитно е, некаде ќе попуштиш па не е толку страшно, бракот понатаму ти е битен а ете свадбата е одлична прилика да се учиш на компромиси :D Си реков јас, здравје на сребрената свадба ќе си бидам сам свој газда, нека дојдат тогаш нека ми се мешаат...ако ги држи бастумот :D
     
    На ana-banana, Umbrella22, sanjaeva и 5 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    XstrongerX, ист е случајот кај јатрва ми. Свекрва ми цело време се меша во огранизацијата на свадбата, а не дава ни пара. Постојано им кажува на девер ми и на јатрва ми што треба да купат за свадбата. Им ја организира целата свадба. Не знам како не и е срам. Како може да им се меша во организацијата на свадбата, а да не придонесува финансиски.

    За нашата свадба свекрвата не се мешаше, бидејќи не правевме свадба со адети. И да правевме, немаше да и дозволам да се меша, затоа што и тогаш немаше да придонесува финансиски
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    На самиот почеток ние одлучивме веридбата ко прво да биде на годишницата наша, но моравме да презакажеме и добро беше што беше така пошто после излезе дека баба ми почина и токму на тој датум се паѓаа 40те дена, што ти се вика Господ :) И добро, за почеток се премести веридбата за едно 3 месеци порано ама не е битно, мене ништо од тоа не ми значи. Затоа за свадбата ни рече свекрвата да си одлучиме се сами. Знам и јасно ми е дека не и е сеедно се сама да бирам ама и она си е разбрана женичка па нема да прави скандали сигурна сум. За почеток ресторанот сами си го избравме, капарисавме и датумот сами си го избравме, музиката се обидов да ја намалам цената и најдов бенд кој ќе ни свири за багателна цена поради тоа што братучед ми свири со нив, сакаме да идеме да ги слушнеме деновиве како свират и нам мирна душата и ним, да не бидат на трње луѓето, реално знам дека музиката ја прави свадбата весела ама за да биде свадба треба младенци зар не :$ Мислам дека и она се раководи по тоа а и плус имала она лошо искуство за свадбата, се си платила сама а не и дозволиле за ништо да одлучува, па сака максимално да ми даде слобода. И пак ми иде да си речам дека сме на сам почеток, дека има време ама мислам дека самата ќе бидам потолерантна. За бомбончиња, покани и слично и јас и она сме спремни сами да си ги правиме, така да сака да ми помогне и вели почни ти јас ќе ти помагам, ќе купиме што треба и готово. Деновиве значи ќе ги договориме поголемиве работи и започнуваме со декорации :D Не планира да ми се маша во фризура, шминка и фустан, ниту мене ниту на муж ми. Јас сеуште си спијам на тоа уво дека немаме мака и мислам дека и нема да имаме. Мака ми е малку што мајка ми не е вклучена во ништо ама мислам дека поради тоа што беше многу вклучена во организацијата на сестра ми па си пропати, епа сега нека одмара сирота жена ;)
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас некако не се согласувам со тоа кој плаќал ќе кажува како ќе биде. Па што ако плаќа, сепак не е негова свадба. Мене така да ми речеа немаше ни да има свадба. Ќе се венчавме со сведоци и чао пријатно. Ќе си губам нерви, ќе се расправам за да им идам на нив по ќефот. Они си направиле кога им било времето, зошто па сега на децата да им го кварат тоа? Никако не ми е јасно.
    Кај нас ни моите ни неговите не се мешаа, се беше како што сакавме. Ние ги оставивме они да си ги прават нивните адети, ние си правевме како што мислевме и се помина без расправии.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Aха, сигурно си направиле они свадба како што сакаат...
    Ти можеш да се согласуваш или не и да си тераш по свое едино ако имаш четворица разбрани родители кои решиле воопшто да не се мешаат. А доколку само еден е малку лев или ќе се караш за секоја ситница и ќе откажуваш свадба, или ќе попуштиш некаде. Значи зборувам за дел од одлуките околу свадба, не да те викнат како гостин а ти уста да не смееш да отвориш.
    Голема работа, чиниш принцеза од Велс се мажи, па ако бојата на бидермаерот е за нијанса посветол од планираниот цел свет ќе гледа и ќе и се наруши имиџ. Безвеза расправии и преголемо значење се придава на банални работи.
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  11. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Се согласувам со MSkorpionka, кој плаќа -тој кажува. На младите ако не им се допаѓа, нека отидат фино лепо на матично со сведоци и во црква и нека завршат работа. Или нека стегнат г‘з и нека си финансираат сами.
    Ние навистина имавме среќа (а можеби и не :!: ) што родителите не сакаа многу да се мешаат. Ама за тоа пак, ние бевме примерни деца, и познавајќи ја економската ситуација на нашите семејства, поминавме колку што можевме поевтино.
    Ресторан немавме можност да бираме (нема многу избор во нашиот град). Според бројот на гостите кои го планираа родителите (и едната и другата страна) само еден ресторан беше во игра (имаше уште еден, ама беше претерано скап, и отпадна од старт на взаемна согласност и на младите и на родителите). И бидејќи ресторанот беше зафатен во повеќето термини, ни понудија само два термина, од кои, повторно со взаемна согласност, одбравме еден.
    Покани, китенки, бонбони - се‘ сами организиравме (по најниски можни цени, бидејќи е крајно небина ствар).
    Е, за музиката бевме отворени за сугестии. Мајка ми имаше желба за еден бенд (но беше зафатен на тој датум), свекор ми и свекрва ми сугерираа на бенд од пред 10 години (но членовите застарени, и отпадна и тој бенд), пријателите ни сугерираа еден бенд и сестра ми ни понуди еден. Го одбравме оној што ни го понуди сестра ми и не згрешивме.
    За кумата немам зборови. Заедно ја одбиравме тортата, ме праша за бидермаер, за материјали (тоа оставив на нејзе, бидејќи е жена со вкус - и не згрешив).
    Од адети имавме земање невеста (туркање на врата, девер со чевли и полнење на чевлите, дарување и китење на сватови) и пречекување на невеста (кај свекрва ми ме пречекаа девојчиња, ми дадоа погача која двајца мажи ми ја кршеа над глава; ми дадоа машко дете во рака кое требаше да заплаче; маж ми ме крена преку праг и сл.). Некои од адетите јас и‘ ги наметнав на свекрва ми :$ , ама воопшто не беа дополнителен трошок, а сум ги гледала по свадби и баш ми се симпатични и имаат симболика според мене.
    Бурми, фустан и костум одбиравме заедно (јас и маж ми). За фустанот доаѓаше мајка ми, на моја иницијатива и на нејзино задоволство; а за костумот дојдоа свекорот и свекрва ми, повторно на обострано задоволство.

    Најголемиот проблем беше распоредот на гостите по масите и кои маси чии ќе бидат. Ама и тоа го средивме. Ги поделивме со мажот ми како што мислевме дека е фер и фрлавме жрепка, кому што ќе се падне - тоа. А потоа секој своите гости си ги распореди.

    Сума сумарум, јас и мажот ми најмногу се изморивме, бидејки целата организација сами ја истеравме. Затоа и не сум сигурна дека имавме среќа што никој не посака да се меша. Камо да помогнеше некој нешто. Ама барем тие (моите и неговите) ни ја платија целата свадба.
    И да бидам искрена, да беше до нас, ние и не сакавме свадба и тоа го изјавивме, ама и од двете страни веќе имаше постари браќа, сестри на кои им правеле свадби, па и од двете страни муабетот беше: „Аааа, не може! На ххххххх им правевме и вам ќе ви направиме!“ Е па, кои сме ние да се буниме а? (што би рекла teddybear) :wasntme:
     
    На Divinebutterfly и ilipili им се допаѓа ова.
  12. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    Сакам да кажам, незнам дали е точно се ова што го напиша... ако е точно седни убаво размисли си дали си сигурна во каква кука влегуваш. Премногу слобода си зема свекрва ти, и стварно не свакам што мажи се тие мажи што дозволуваат вакво болно понашање на своите мајки. И немојте да ми кажете дека они не знаат, или пак се караат со нив ама овие продолзуваат, зошто тоа релано ми се прикаски за деца. Ако тој е маж убаво ке објасни дека ТОЈ се зени дека претпоставувам е доволно зрел и паметен и дораснат за секакви одлуки во зивотот а камо ли за едно одело и бидермаер, а таа ако е способна за рассудуванје и ако има основен основ за перцепција и здрав разум ке знеа дека нејзина грижа во врска со свадбата е да си најде фустан за себе, и да си резервира флизер за дента...
    Осекам дека ке бидес доста актвина во актуелната тема - снаи и свекрви(проблеми).
    И стварно не ми иде умот од каде се собраа вакви злобни, неписмени луге ...
    Шта речи....
     
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Мене па смешно ми е тоа сакавте свадбата друг да ви ја плаќа епа ќе биде по негово. Јас несакам друг да ми ја плаќа. Ако можеме сами ќе си ја платиме. Ако не ќе направиме еден свечен ручек за најблиските и толку.
    Доколку родителите навистина си ги сакаат децата нема да заземат толку површински став се да биде по нивно. Нели не е нивна свадба. Што има да се мешаат до толку. И зашто на сопственото дете да не му дозволат да си направи свадба како што тој си замислува.
    Значи јас несакам никој да ми се меша во основните работи: облека, букет, декорација, место за свадба, фотогрф, музика. За тоа колку гости би имале на свадбата јас сакам да бидат само 100 (може и помалку :lol:). Ама сепак несакам и тоа да им го ускратам па може они да си поканат кој сакаат, се додека не е некој што мене смртно ме нервира. Нека ги местат како и каде да седат тие, доколку сакаат.

    Само знам дека моите нема да ми се мешаат бидејќи знаат колку сум луда и дека нема разбирачка со мене. :rofl: Ама не сум баш сигурна дека така ќе биде и со татко му. Тој за свадбата на сопствената ќерка си ги побарал парите таа да му ги врати :rock: :x :?:. Кај мене не сакам да испадне така! Затоа се што можам ќе дадам од себе да не дозволам да земам ни денар од него за свадбата. Несакам да дојде до таква ситуација да ни ги побара парите назад, бидејќи мене ми зоврива во главата во такви моменти кога гледам како некој не си сака се најдобро за детето. И може да дојде до караница. :?: Недај Боже.
    А мајка му е добра, барем мислам дека за тоа ќе биде.

    Сугестии сигурно дека ќе прифаќам, но никако и да направам некои работи под присила. Таква моја свадба не.

    Адетите нема да ги има, прибидејќи се премногу различни нашите со неговите адети. А и некако не ми се сака.
     
    На andromedae му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Ти ќе кажеш -Ако ме сакаат како дете, ќе остават да си правам како што сакам. Тие ќе кажат -Ако ме почитуваат како родител и ценат што двојам пари да им направам свадба, ќе прифатат некои мои одлуки.
    Ајде најди нзс.
    Не се толку битен фактор деталите во свадбениот ден за да доведеш во прашање брак и да растураш односи само заради торта, цвеќиња и што ќе има за вечера или кој каде ќе седи. Ако со тоа мислиш дека си понижена, размисли дали е стварно така и го прави некој намерно за да ти докаже дека ти ќе немаш од сега па натаму право на глас за ништо, или се работи само за недоразбирања, моментална нервоза, разлика во адети или хирови.
     
  15. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    ^
    И те како се битен фактор тие детали. Битно е се она што тебе ти ствара нервози и битен е секој оној што ги потценува твоите желби и потреби.
    Јас кога правев свадба, немав проблеми со родителите. На веридбата воопшто не падна муабет во врска со тоа. Си правеа друг муабет, си се смееа и веселеа.
    А за свадбата, за хотел, храна, бидермаер, одело , бурми одлуцувавме само јас и мм и апсолутно никој друг. Може некои наши одлуки им засметале мегутоа према нас никој не покажал незадовлоство. Матично направивме со кум старосват и брака, без родители, зошто беше неколку дена пред свадбата, немаше друг слободен термин, несакавме со мм да земаат родителите слободни денови од работа па да правиме фешти, едноставно си се собравме ние младите си седнавне после во кафана и си поминавме преубаво.
    За свадбата немаше одење по невеста и бовчи, не сакавме непотребни трошоци, па така да може им засметало тоа, мегутоа максимално ја испоцитуваа секоја наша одлука.
    Откако заврши свадбата и свекорот и татко ми ни рекоа дека подобро организирана свадба неможеле ни да замислат. Сите срекни и задоволни.
    Свадбата и се околу неа треба да ви остане во мислите како нешто волшебно, а не период во кој сте се труеле со антидепресиви.
    Пробајте малку сами да си го олесните животот, и оставете живци за кога навистина ке ви требаат.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Има случаи кога родителите иако ја плаќаат свадбата сепак тие не се мешаат во организацијата на истата.
    Како што за веридбата се договоривме и организиравме се сами која што допрва доаѓа така и за тоа сигурна сум дека нема да се мешат :) . Кај нас уште од сега е кажано дека доколку побараме помош од нив тие радо ќе ни помогнат,а доколку не се ќе остават на нас,односно на мене дека сигурно мојот иден сопруг нема да се замара со тоа какви ќе бидат китенките,поканите,како ќе биде украсена масата,тортата,фустанот.Се договоривме дека адети кои што прв пат ги слушаме ,а ќе ги видиме на нашата свадба и нема да знеме како да ги направиме нема да има,туку некои што се нормални и вообичаени како на пример земањето на невеста од дома и некои слични и познати на сите. За гостите секако дека ќе кажат и моите,а и неговите од негова страна кои да се викнат доколку имаат некоја желба и да кажат ако некој ние сме пропуштиле.
    Е сега мојте еднаш спомнаа бидејќи сме од различни градови тоа да го нема ама како сугестија,но ние јасно и гласно им кажавме дека тоа го сакаме и ќе го има бидејќи сакам од мојата куќа да излезам како невеста :) . А околу ресторанот,музиката,фотографот очекувам да се договориме заедно со него и секако ако има сугестии од нив да ни ги кажат па можеби ќе се прифатат. А пред се сакам да не чека до последно бидејќи многу од зетчињата мува не ги лази за тоа па очекувам сам да си го избери костумот,а ако побара помош од мене секако дека радо би.
    Ете тоа би било тоа како мислам дека ќе се одвиваат подготовките околу нашата свадба :) .
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.708
    Пол:
    Женски
    Илипили и јас се занесував и се потресував (ова лично за мене зборам занесување и потресувањ бидејќи на крај сфатив дека е така ама ајде) невеста од дома да ме зимале не знам ти што, во венчаница да сум излегла до дома, абе какви глупости си помислив после. Значи ко прво патот, јас треба да си одам у Валандово, па они да дојдат да ме земат, ахам, после до Лешок :hai: сигурно, прво јас нејќам да личам на ќофте на сопствената свадба а камоли сватовите. Кај нас тоа е живо мрцварење, доаѓаат од еден град ме зимаат и одиме во трет да праиме свадба, пошто знам дека ќе бидеш снаа во мојот град :lol: претпоставувам свадба ќе правите таму некаде, верувај дека ќе ти биде многу тешко и напорно, но твој избор, не ти се мешам, би те советувала само да размислиш уште еднаш ;) Кога ќе си помислам кој локал патриот изигравав јас, демек, ама само демек, сега си мислам дека ако запнев малиов мој сигурно немаше да ми скрши атер, ама јас после ќе кукав од маки. Замислете релација Скопје - Југоисточна Македонија, да неречеме до Грчка граница - назад Скопје - Лешок, знаете какви ќе бевме во фаците, ко зомбиња, измрцварени, испотени, нервозни а башка што кај нас дома под дифолт нешто тргнува наопаку па нервози дополнителни, не иде у предвид :tmi:
     
  18. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Лелееее драми, драми со родителиве додека се разбереме.


    Али на крај, ние плаќаме за 80% од свадбата, они само плаќаат за гостите што ОНИ сакаат да дојдат.

    Првично, пробуваа да ни прогураат адети, за кои јас и вереникот кажавме категорично не, издраматизираа неговите малце (па како ти вака ни правиш, ние ко гости ќе си дојдеме...и таков некој тапа муабет).

    Но сепак на крај, прогуравме со нашите желби. Без идење по невести, без цркви мркви... итн итн. НЕ сме традиционални луѓе. Свадбата ја гледаме како ден на кој треба да се прослави љубовта на некои двајца со најблиските. (Тоа не вклучува 300-400 луѓе)


    Искрено, јас на своите деца не би им го отежнувала животот со моите каприци, дури и јас да им ја плаќам свадбата. Ќе ги дадам парите од мерак, а не тоа да ми даде право на глас.
     
  19. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.314
    За среќа немавме никаков проблем околу организацијата на нашата свадба...дури ми се чини дека се ни одеше како подмачкано ;) Датумот кој го посакувавме баш одговараше и на машката и на женската страна, ресторанот за кој одсекогаш мечтаев да правам свадба во него беше слободен за нашиот датум, закажавме цркви и регистрација во терминот кој ни одговара, па фотографи, па цвеќари...па се по ред... И се беше наша желба (моја и на мм) и никој во ношто не ни се вмеша! Моите и неговите родители беа задолжени за плаќање и да бидам искрена не ни скратија ни една желба!Свадбата не знам ни колку чинеше, платија неговите и моите родители... парите од свадбата до денар ги вложивме во нашиот нов дом и сите сме си среќни и задоволни!
    Фустанот си го одбирав сама во сугестии со мајка ми, тој за костумот бараше мое мислиње и заедно бевме сами двајцата за да го купиме!

    Свекрва ми единствено се вмеша во распоредот на гостите кој каде да седи, и тоа искрено ни беше тежог дел од организацијата на свадбата оти имавме 350 гости! Свекрвица се занесе малце во тоа дека нејзините гости ги заслужуваат подобрите маси ама не стигнав јас да и се контрам оти маж ми веднаш ја сопна и и стави на знаење дека ЈАС И ТОЈ одлучуваме!

    Воглавном имавме добра организација без проблеми и со голема толеранција и од машката и од женската страна и си имавме преееубава и многу весела свадба! :)
     
  20. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    За се' јас сама ќе си одлучам и не се согласувам со тоа дека ако старите ја плаќаат свадбата треба тие да си прават како што сакаат на МОЈАТА свадба, за на крајот јас да бидам маскота само а тие да ликуваат како се им е подмачкано и по нивен ќеиф.Посебно кај нас на пример, јас и маж ми не бевме посебно загреани за свадба и кога го соопштивме тоа, старите посебно од неговата страна у несвест ќе испопаѓаа, така да ете сега ќе правам свадба за нивен атер, па ако веќе правам - ќе правам како на мене што ми одговара.Имам солиден период до 8ми Септември и ќе си средам се лагано, обмислено и не избрзано. Свекрва ми кога закажавме свадба проба да наложи некои адети кои биле на мода уште таа кога се мажела, фино лепо ја стопирав, а до свадбата и ќе стопирам уште многу не потребни и за мене смешни работи, оти ако оставам да прават они како што сметаат свадбата ќе ми доживее дебакл во вистинска смисла на зборот :D .