1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Организација...кoj за што одлучува?

Дискусија во 'Свадба' започната од Snow-Queen, 25 април 2013.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    32.101
    Пол:
    Женски
    За да правиме свадба јас и маж ми, условот беше да нема мешање од страна на родителите. Така и бидна. Никој не ни се мешаше и на крај се излезе супер.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.403
    Пол:
    Женски
    Тена јас и ти у исти ден свадбиче а? Ај ќе си се синхоринизираме за се :rofl: Јас сум некаде на средина, поголемите работи ми се готови, зборам Веселба, Матично, Фотограф, Фустан, покани и бомбони знам какви сакам ми останува уште да ги направам, го имам летото пред мене ќе направам се на време. Мислам дека со оглед на тоа што сама се ќе правам без мешање и слично се ќе биде навреме, оти не за џабе рекле старите, многу баби, килаво дете, па така и работава :D Свекрва ми е расположена за помагање и исклучиво тоа, да сецка, да лепи, да витка, но не и за одлуки и големи работи, тоа е на мене. Малку ми е тешко бидејќи младожењата ми е пасивен ама и подобро така, барем нема да ме боли главата, кај сама да бркам работи па и неговите да ги проверувам, на него е само да купи одело, насмевка на лице и на 8ми Септември да ми се појави најубав на свет :rofl:
     
    На SexyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    За веридбата им оставивме да си кажат кој што има и кој што сака ама сега за свадбава НЕ. Моите пробаа нешто да кажат (нема да ги биде ако не се вмешаат :D ) ама ние им кажавме категорично НЕ и сега воопшто не се замараат. Поучена од искуството на веридбата кога неговите од незнаење ништо измислија 300 адет (кои не се усвоија :lol: ) сега му ја спомнав таа тема на вереникот и тој им објасни како за се што мислат треба да се консултираат со нас и ништо да не превземаат на своја рака, така да и од таа страна сум мирна. Инако околу плаќањето, вереникот им рече на моите ние сами да си ја платиме свадбата на што они не се согласија, така да знам дека ќе имам минимално учество од двете страни. Иако имам уште 5 месеци до свадбата покрупните работи веќе се завршени, така да имам време да си ја организирам венчавката од соништата :)
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Сами избравме ресторан, со помошна девер ми јатрва ми избравме музика и фотограф, решивме и матично/црква.....сега за сега свеки ништо не вели.
    Ама затоа мама на глава ми се качува, дури пред некој ден се скаравме (иако срце ме болеше), ми пукна филмот, се надевам во понатамошните подготовки ќе е се ок.

    Ама затоа таа вечер си се изнаплакав.
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Мајка ти изгледа е паничар :) , не се секирај она сигурно веќе заборавила за што сте се скарале.... и не се секирај што утре пак ќе се скарате , зошто секоја мајка кога ја мажи ќерката е во филм дека свадбата на нејзината принцеза е Д-деј и секоја минута треба да биде испланирана. А кој може подобро да испланира од мама? :$
     
  6. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Блазе си ти на тебе, мене само ресторанот и музиката ми се закажани, друго ништо :worried: . Добро како за утеха и бонбони и покани одбрав, ама не се купени. Чекам крај на јуни да дојде, ќе отидам за Ск на неколку дена да разгледам фустани, да видам каде ќе шијам, па извод од Скопје треба да вадам за во матично (треба, нели?), да ги купам бендисаните покани и бонбончиња и да се прешкртуваат полека, полека работите од список. Мене ме загрижува наоѓањето на фотограф, дека во нашиот град има две студија кои не вредат за едно, така да за тоа не знам што ќе се прави. А многу ми се битни спомените од свадбата. Иначе и мажуле мое е пасивно, сега нели закажавме свадба, си дремам јас, си дреми и тој и така и двајцата си дремиме :D , а никако тој да поддене работа и да рече нешто да изорганизираме и направиме. Само некни кога гледав бонбони на нет, јавно дигна револуција дека него тие бонбончиња јас што ги посочив како финални не му се допаѓаат и дека нормално ќе е така кога тој за ништо не е прашан :D . Се изнасмеав едно убаво и моравме да бараме нови. Па на крајот на краиштата и оделото ќе го бараме двајцата, така да и оваа активност не ме исклучува мене :) .
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Се смирија тензиите...се надевам така и ќе продолжат работите :angel:
     
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Сноу, ич да не се секираш. Мајка ми изгуби глава пред свадбата, да не речам дека се пошандрца тотално. Мирна беше 13 месеци колку што ја спремавме свадбата, последната недела ми идеше во машина за мелење место да ја ставам. :!: Нејзината паника е 100 пати поголема од твојата како прво, а како второ ако е инает мајка ти ко мајка ми, тогаш џабе се нервираш, само речи аха, накриви капата и направи си како ти е кеиф. За жал нема друг начин со тврдоглави паничарки мајки кои запнуваат ко да е последно! :lol:
     
  9. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Истиот случај сум и јас. не можам никако да се разберам со мајка ми, значи по тврдоглаво суштество нема на планетава. Решила кој да кани на свадба список на гости пола ги немам видено од пред 15-20 години, сега за веридбава вика луѓе милјарда, а рековме само најблиските. Не знам као ќе се излезе на крај ми иде све да откажам.
     
  10. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    За се се издоговоривме како луѓе, пронајдовме компромис за се, се согласив и на саканите обичаи кои ги сака свекорот, за некои работи го убедивме дека се безпотребни и се е супер освен една работа :devil: .

    Решил човекот дека после црква одењето кај младоженецот дом треба да биде пеш одејќи со трубачите, никако неможе да се разубеди :( , не мрмкам за џабе девојки во прашање се 2-3км отприлика со прилично голема угорница во штикли :(.

    Во глобала е добро за повеќето работи одлучивме со мм само со некои „консултации“ со старциве :D , ама за тоа одлучил и се запина како магаре пред мост :tmi:
     
  11. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.605
    Допаѓања:
    250.863
    Пол:
    Женски
    ^Па нека оди он со пријателите пешки, ако има одвишок време и сила тој ден. Вие возете се со кола покрај нив ако толку им е тоа битно. 3км невеста во фустан и штикли ќе ги оди саат време и ќе се премори, мене ми нема логика.
     
    На SexyGirl2 и ana-banana им се допаѓа ова.
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    46.812
    Пол:
    Женски
    Се сама :nod: баш така, јас предложив црква и ресторан бевме разгледавме и закажавме. Музика исто јас најдов, добро само за фотографот знаевме уште многу одамна кој ќе ни е :D За останатите ситници буквално се сама , на него само ќе му покажам дали му се допаѓа нешто или не и тоа е тоа.. а моите и неговите фала богу за ништо не ни се мешаат, велат, деца ваша свадба е како сакате така, ние сме тука само да помогнеме :)
     
  13. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Не попуштив само за венчаницата и за фото-студиото. За се‘ останато се договаравме.
     
  14. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Заедничи односно јас предлагам , тој се согласува :)
     
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Иако од мала сонувам за свадба како повеќето девојки, воопшто не се оптеретувам со тоа како би ми била организирана и да ја имам цела зацртана во глава и да мора да биде по мое. :^) Навистина не ги разбирам девојките што уште невлезени во фамилија почнуваат конфликти со свекрва и слично за околу подготовките за свадбата.... Доколку претераат со мешање ни мене не би ми било сеедно, ама да се расправам со маж, со свекрва за тоа неее бе, не вреди да си расипувам односи за цел живот поради еднодневна церемонија. И јас и дечко ми сме за компромис секогаш околу се, што значи не би ни пречело доколку некој даде своја идеја или мислење, но родителите и не му се такви, секогаш за се не оставале сами да си одлучиме и никогаш не се покажале како наметливи. Да, моја свадба е, но нема да се скарам со идната ми свекрва ако не мисли како мене за нешто, ако толку не се согласувам ќе ѝ кажам отворено. Во се треба да се ужива и така и организацијата треба да биде со мерак, ако е со напнатост и кавги налет, да се испокарам со уште непечениот маж за која група ќе свири или каква машничка ќе има на поканите. |( Ако не се согласиме меѓу две нешта, ќе одбереме трето, а не како сестра на една другарка што му рекла на вереникот дека нема да има свадба ако не свирел бендот што го сакала. :tmi:
     
  16. MajaRoki

    MajaRoki Нов член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Форумов го користам за секакви можни информации и скоро и да се се најавувам (уште не знам ни да го користам како што треба) ама ова бре луѓе не е нормално.па уште и совети од феминки кој плаќа тој одлучува? дали е нормално до тој степен да се меша па уште и по пола се плаќа? мене ова ми е хорор сверква искрено местото за свадба,па фризура,па фустан па бидермаер па одело па уште и ќе ми украсува??????? :fubar: ако она не можела да има свадба како што сака зошто сеа да се буни? башме интересира што се деси со свадбава?
     
  17. flower86

    flower86 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    69
    XstrongerX ......... WTF !!!! :o

    имам едно прашање надвор од темава - со неа ке живеете? :^)
     
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Живееме со неа и сеуште е неподнослива како на свадбата. Уште дава се од себе да одлучува во туѓо име, и од таа причина ќе се иселиме најбргу можно.
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Премногу ми е мило што јас и вереникот ке се одлучиме за све. Нашите ни рекоа ние како сакаме да си се договориме а они само што можат да ни помогнат. Тоа ми се допаѓа ....
    значи и двајцата си сакаме едни исти работи си се погодуваме а нашите нема да ни се мешаат и нај паметно нешто. Како си одлучиме така ке си правиме
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    За ништо од организацијата не одлучив јас. Освен за мојот изглед и на моите им кажав кои луѓе ми е битно да ми се на свадба, па околу нив, нека канат кого сакаат. Ниту имав посебна желба да правам свадба, ниту ме интересираше како ќе изгледа. Тортата си ја видов прв пат на самата свадба кога ја изнесоа келнерите :) Отидов како гостин, си поминав како гостин (освен мал инцидент спред влегувањето во сала) :)

    а, да.. и покани си одбрав сама.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.