Уште еден тренд што никна по Западов(на мое големо задоволство) Барајќи по категоријава најдов слична тема -Минимализам и поедноставување на животниот простор(declutter your home) Читајки ја темата мислам дека правецот е малце поинаков, оваа тема би била малку поинаква-не за decluttering туку за мали (и големи) трикчиња за организација на истиот и секако поедноставување. . Може и да се поставуваат слики од исти што купено што ''искреирано'' и изникнатно од сопствениот мозок и мака.Јас лично уште од мала сакав да ми биде организирано таква сум и денес како козметика,облека,храна,куфер така и се останато по дома. Во маркет без шопинг листа сум ко мува без глава и трошам на беспотребни глупости за разлика кога купувам со список и доста заштедувам.Кога и да гуглам по нетов за вакви решенија се осеќам како дете во Дизниленд нема што нема. Еве во овој стил. Мажево на крајот на видеото е бонус, за него не одговарам а верувам ни она
Ауу и тоа како е потребна ваква тема. Еве јас во моментов престојувам во една соба сосе кујна а другата ми е буквално магацин. Организација нула. Башка што и времето не ми дозволува да се посветам на уредување и средување па мора барем местово на престој да го одржувам.
И во куќата и во станот, ни е се топ организирано.Смислено е да има простор за се, и има простор за се. Се ќе беше уште подобро, ако моите беа педантерии како мене и се враќаа одма на место. Не дека се фалам ама мојата соба и мојот тоалет се секогаш најсредени, се ми е уредно и под конец на свое место и за се имам простор пошто добро сум се организирала и сум го искористила просторот.
Кога сме веќе кај организација на домот.... Да ве прашам вакво нешто како заокруженото кај можам да најдам? освен на алиекспрес Или евентуално што рече една пријателка направи си сама од пакет и картон.
@marchi-cool Не знам дали виде во видеото девојката сама си ги прави од картон и сo фолија по твој вкус/избор/боја/шарка тоа е плус,немој дa ме држиш зa збор но мислам дека вакво нешто имам видено во jumbo.
па затоа велам ако веќе нема да се купи ќе си направам, ионака ќе биде со димензии кои мене ми одговараат
Не чувствувам никаква потреба да фрлам пари на онакви за поделување на фиоката на неколку дела за што..за на едната половина да го ставам фенот а на другата Лумеата?!.. се знае, секоја фиока си има намена.. нема ни потреба да е претрупана. Организатор за папучи? Ни тоа не ми треба. Си стојат во плакарче за чевли.. Капи немам така да ... Чантите немам место каде да ги поставам за да висат онака, па наредени си се по полици.. Е сега...затоа пак во оставата и кујната си имам кутивче за се. И поголеми за солени грицки, благи грицки, за пудинзи шлагови итн. За супи, сосови, фантови.. за декорации на колачи посебна пластична кутија.. за ќесички сусам, шеќер во прав и такви готвачки работи пак посебна кутија...помали пластични за мед во онакви мали ќесички за гости, посебна кутија за ќесички топло чоколадо итн итн.. посебна дрвена кутија за ќесички чај.. И здравје догодина кога ќе правиме нова кујна се ќе си има свое место и намена..тоа се планира со време
Прво правило за да не купувате овакви капиталистички ствари за организирање на ствари шо 70 посто не ви ни требаат, е да не купувате ствари шо не ви требаат. Нема на чему.
Toa e тоа. Како што веќе споменав темава си оди и паралелно со decluttering-минимилизирање(не стегање и одење од еден екстрем до друг нити превише нити премалце туку онолку колку е доволно). Но никој не може да преживее без ништо (храна/покрив над глава,козметика,облека,прибор за јадење итн )и темава е како чекор по ова минимализирање што ми беше целта за дискусија/споделување искуства за првенствено добра организација со цел поедноставување и полесен приастап. Ова се само ванила ствари што секој може и сам да си ги направи дома што ги најдов на инстант гуглање но имаш 1001 чудо не можев се да поставам вклучувајки и проекти и начини за организација на цел дом(поединечни соби) @Dust не знам кој е модератор на темава ако може да се додаде во насловот Организација на дом-home organization да може да се изгугла на што се мисли пошто на македонски нема превише инфо околу ова да се види за што се работи
Зашто бе сите чорапи и хулахопки ги имам напикано во такво како тоа погоре,имам плус место во фиоката.
Како што немам место за уште едно биро за синко и за облека за бебе а немам ни место за плакар овие некако доста практични Имаше во друга тема некоја членка зела за децата за чување играчки.