1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Организирање на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од dragana21, 12 јули 2011.

  1. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    мене организацијата ме прави срекна , тоа ми е напорен но убав дел!!
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  2. antihrist

    antihrist Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Здраво Феминки. Прво не ми замерувајте за имево, другарка ми го направи и сега не можам да го сменам :((( Второ, наскоро правам свадба па би сакала да знам каде има најдобар кетеринг во Скопје, нешто што би ги воодушевило моите гости. Фала однапред, секое искуство е добредојдено.
     
    На Daddy.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Ме интересира дали знаете колку чини украсување на столчињата навлака и машна... проверив на едно место и ми рекоа 50 денари ама некако многу ми изгледа, па дали сте украсувале или знаете некој што украсува чисто да споредам цени ?
     
  4. saja

    saja Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0

    zdarvo:)
    mojata svadba ja spremase elena fancy marriage, za cena se zavisi sto ke odberes ili spored budzetot ke se dogovorite. inaku e vo butel 1 ama ima izlozben salon
    najdi ja na fb
    poz:)
     
  5. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Па слушнав дека е поскапичка од другите но ќе идам да проверам, ме интересира само колку зима за навалки и украси на столчињата?... јас најдов и една агенција од струмица но и тука имаат преставништво се викаат Casagmento и ми изгледаат доста спремни па ќе видиме.
     
  6. Anne10

    Anne10 Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravoo :) Eve vi eden sajt na facebook Lifetime Memories dekoracii mozete da si razgledate za bonboni kitenki itn :)
     
  7. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Мене искрено ова ми е глупа идеја. Јас кога ќе се венчам ќе си организирам се сама. :!:
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    И јас тргнав водена од мислата дека свадба се организира за 5 минути, па сега ми иде главата да си ја треснам што ни си најдов помош барем за некои работи. И многу е смешно да кажеш "глупа идеја", затоа што не секој може, знае и има време за заврши се сам. Да видиш како изгледа кога ќе дојдеш од работа да трчаш да бараш се што треба, а милион работи требаат, од веридба до свадба, па да седнеш откако ќе дотераш се дома и ручек ко ќе направиш, да правиш китенки и бонбончиња, и што не. Прво скокни па речи оп! :^)
     
  9. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    А згора и ако невестата е бремена :!:

    Напор е сепак во секој случај и ептен се’ мислам дека не може да се направи.
    Единствено доколку невестата е ептен слободна и има така повеќе време до свадбата :) , а Бога ми и дарба..... :hai:
     
  10. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Пред да се вработам правев декорации за свадби, ама ол инклузив, со се покани, со се декорации на сали, значи се. Искуство, преку 200 свадби кои сум ги правела од почеток до крај, и незнам колку милијардо бонбончиња и китенки и покани се... И пак ми е комплицирано, затоа што обврските ми се огромни. Смешно ми беше да плаќам чудо пари за нешто што сум го правела за други, па затоа се сама правам, ама коооолку ќе ми е полесо било кој да ми помогнеше барем малку! А не дека не сакаат, туку едноставно неможат, со две леви раце се. Така да, помош не е ниту на одмет, ниту глупо! ;)
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Еве јас се занимавам со правење на тие додатоци китенки,бонбони,декорации....и баш идната ми јатрва ми вели: а ти кога ќе дојде твоја свадба ти самата ќе ги правиш?
    - Па си велам нормално, иако одзима и време и трпение....дефинитивно нема да дозволам да плаќам друг да ми работи нешто што јас на многу други сум им го направила.
     
  12. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Абе напорно е да, особено како што пиша Елена.мак ол инклузив ако припремаш.

    Еве јас претходно не сум правела на други свадби ништо такво, само пликца за пари.
    Ама за мојата свадба ги направив оние поситните работи, како житцата со бонбонче и причка, си ги декорирав чашите, домот.....онака ми беше ќеф.
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Anouk ти во Штип правеше свадба? Овие житцата со бонбонче и паричка кој ги фрла? Кумата или свекрвата? На последната свадба кај што бев, во Штип, свекрвата фрлаше бонбони, леблебија :?: така нешто, и плус мајката на невестата кога ја изведуваа од дома. За овие станува збор или за тие што кумата ги фрла во црквата?
     
  14. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Да, или се става жито или леблебија.

    Во Штип правевме свадба да. Овде, бабата фрла преку момчето и невестата кога излегуваат од домот на невестата, свекрвата фрла кога излегуваат од матично, а кумот/кумата фрла кога излегуваат од црква. :)

    Инаку сите фрлаат едно исто, амо овде (во Штип) се става повеќе леблебија наместо жито, ама исто е.
    Паричка, бонбон и леблебија или жито. :)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Секаде е значи различно, во Скопје фрлаат кумата и свекрвата, во натре да има жито,бонбона и паричка.
     
  16. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Ми требаат совети... сè во врска свадба

    Ако не сакате да губите време околу организирање на свадбата исконтактирајте ги од Гуржо - Планирање и организација на свадби. Не се од типот на Каталеја, Фенси мериџ и сл за украсување и декорации, туку организираат матично, ресторан, сликање, се околу свадбата за вас. Сестра ми ги ангажираше, и како прва невеста (ептен се тазе ) и ја организираа свадбата ГРАТИС. И цело време имаат промоции. Топло ви ги препорачувам :)
     
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Хахаха јас сама со мм си ја спремаме свадбата...Додуша повеќе јас бидејки тој е на работа но заедно одлучуваме што и како да биде и јас орган изирам...Нашите не ни се мешаат за ништо одлуката е наша нивно е само ако побараме помош да ни помогнат...
     
  18. jelena25

    jelena25 Нов член

    Се зачлени на:
    4 август 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Се размисливам за свадба дали сама да ја организирам или да најмам некој да ја организира и истрча место мене.
    Ме интересира вашето мислење..дали би најмиле некој да ја заврши работата за Вас и за која цена? :)
     
  19. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.466
    Не би најмила и не најмив. Малку е напорно но таму е цела радост во спремањето на свадба. :) Кога ќе си почнеш со време нема да ти биде проблем. Еве јас од март почнав и завршив сè месец дена пред свадба, а земи во предвид дека живеам во Скопје а свадбата ја организирам во друг град каде одам 1 викенд во месецот. :)
     
  20. Neznam1

    Neznam1 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    На PoisonGirl му/ѝ се допаѓа ова.