Девојки, ајде од вас што сте поискусни. Како да го организирам времето што кога иде? Матичарот во ресторан ми е во 6 и 30, прием на гости од 7 до 7 и 30. Кога е најубаво да закажам црква? Од црква до ресторан имам 20 - 25 минути возење споро. Во ресторан треба да стигнам до 6 и 20. Кога да дојдат по мене сватовите? Мислев црква во 4 и 30. Кога да дојдат кај мене, во 3? 3 ипол? Фотосесија посебно одење нема да имам. Како да го организирам времето? Што пропуштам а што одзима време? Знам исто дека многу време иде во честитање после црква, па после матично, ама урачунато ми е.
Мене ми е нелогично прво црква, па после регистрација кај матичар, шо знам некој нов адет е тоа. Јас кога правев свадба, сватовите дојдоа во 1 и пол, во 4 имавме во матичното закажано, а во 4 и пол во црква. После црква фотосесија, па прием во ресторант во 7. Јас кога би се регистрирала во ресторан ќе чекам сите гости да дојдат па тогаш, вака не ја сфаќам логиката на рег. во ресторан пред одбрани гости, кога тоа можам и во матичното да го направам.
Помалце одење навака - натака е со матичното во ресторан. Ресторанов си има посебен дел за матично преубаво уреден - невестински. Не е адет никаков, како што не било адет ни претходно кое е прво кое второ. Се венчаваш прво во матично, зашто црква без потврда од матично не венчава. Сега даваат потврди од матично ако ти е црквата прва. Само ради помалце трчкарање. Фала.
Ете јас не знаев за тоа, зашто во рестораните во мојот град нема посебно место за регистрација. Ние кога отидовме да закажеме во црква ни кажаа прво матично, па после тука. И кај и да сум била на свадба е било така. Не знам можеби ние сме малку заостанати.
Немало ни тука порано, сега некои имаат, а некои прават импровизации. Чисто ради да се намали одење ваму таму. Да не дојдеме измалтретирани у ресторан. Ајде некој, чекам.
Ако планираш сите тие адети да ги правеш со сватовите, дарување на свекор, свекрва,кумови итн, кршење на погача, па тој моментот со прстените и виното, изнесувањето од куќата на твоите (во твојот град можеби има подруги адети), тогаш 2, најкасно 2 ипол сватовите да се кај тебе, оти време одзимаат тие адети, па и ако црквата ти е подалеку, да не биде во брзање. Црквата најдобро ти е во 4 и пол, саат време трае церемонијата плус додека стигнете. Да сум на твое место вака би си го организирала времето.
@TeddyGrey 16:00 ќе ти биде таман црквата. Таму да изгубиш час, час и половина. Во ресторант и порано да стигнете ќе одмориш малку.
Aбе дечки, а сигурни сте дека 1 час трае црквата? Се ми се чини од повеќе места слушнав дека е пола саат церемонијата.
Пола час- 45 мин, плус честитање, час секако ти одзема. Подобро остави си повеќе простор, па ќе имаш време и да седнеш малку, да здивнеш.
Зависи до црквата и зависи до попот. Барем така е за мојот град. За во Марков манастир имам слушнато дека траела саат и пол, а во другите обично од 15 минути минимум до еден час максимум.
Ја знам блиска другарка сега закажуваше во црква и сакаше во 4 и 30, зафатено било и рекоа, закажа во 4.. Што значи ептен тесно ги закажуваат венчавките и одма си одиш нели, зашто да не се сретнеш со другата невеста. А @duffi, @gjoker4e можам ли да се договорам со поп/овите да трае пократко?
Не знам, но пробај. И прашај си колку трае отприлика бидејќи секаде е различно. Така барем ќе можеш да си го организираш времето поточно.
Кај нас на еден час растојание ги закажуваат, значи се зависи од црква до црква. Не знам @TeddyGrey. Кај нас попот ни е ,, фамилијарен,, поп, и знае да ја должи. Па кумот му напомена да не ја раздолжува многу. Ама пак траеше околу 45 мин. Со сите церемонии околу час време бевме во црквата.
Фала @duffi . Фала @gjoker4e , баш деновиве ќе одиме и ќе прашам. Само ја ова мислам и прашувам, ќе гледам да се договорам што може најкратко. Зависи и од црквата ова околу закажувањево. Ако е поактуелна изгледа тогаш на 30 мин закажуваат. За кеш.
Доколку си од Скопје, во црквите каде што најчесто прават венчавки целата церемонија трае најмногу 30 мин + честитање и сликање. Ние каде што ќе се венчаваме попот ни нагласи дека најчесто венчава околу 30-45 мин, но ако ни е многу време да го известиме да знае да си скрати во време за побрзо. Така да во просек без 20-30 мин нема да бидеш. Најубаво да се договориш со попот.
Aj ve molam predlog za organizatori na svadbi ili dekoratori od Ohrid ili Struga? Odnapred vi blagodaram
Девојки, искуство со Елена fancy marriage? Дали знаете отприлика која цена и е декорација за дома и за во ресторан?